Со години се тушира само еднаш неделно: „Никогаш не сум бил поздрав!“

Вистински случај

„Кога бев мал, родителите ме бањаа само еднаш неделно“

Прочитајте го признанието на овој човек кој тврди дека откако почнал да се бања еднаш неделно, здравјето драстично му се подобрило!

Имам две мали деца и кога се родија, ги бањавме секој ден, пред спиење. Се полни кадата со топла вода и детето се бања. А потоа другото. Потоа жена ми, па јас.

Сфатив две работи: дека сметките за вода беа огромни и колку оваа навика се разликува од онаа што ја практикувале моите родители.

Се сеќавам на моето детство кое драстично се разликува од она што го имаат моите деца. Синот и ќерката денес си играат во некои игротеки, деновите ги поминуваат пред телевизор гледајќи цртани или играјќи игри. Често го минуваат целиот ден без воопшто да се испотат, но сопругата сепак на крајот од денот ги бања и тоа во када полна со вода и сапуница.

Моите родители практикуваа едно нешто: децата и сите домашни се бањаат еднаш неделно и тоа исклучиво во недела. Во понеделник на училиште се проверува дали сте ги скратиле ноктите, косата, дали сте ги измиле ушите… Другите денови не се бањавме. Јас и брат ми бевме немирни деца и цел ден го поминувавме во дворот или со другарите на фудбалски терен. Дома доаѓавме валкани, повалкани не можевме да бидеме. Мајка ми нѐ праќаше во тоалет да ги измиеме интимните делови, нозете и рацете, да се замиеме и толку.

А потоа пораснав и почнав да се бањам секој ден. Еднаш ми излезе некаков осип на кожата и отидов на дерматолог. Излезе дека имам оштетување на кожата од прекумерно користење сапун. Добив специјален крем што сега морам да го користам до крајот на животот.

Според дерматологот Џош Зајхер, родителите не би смееле да го бањаат бебето секој ден. Негова препорака е да се бања на секои три дена, бидејќи тоа може да ја спречи појавата на егзема. Американската академија на педијатари советува децата да не се бањаат постојано со сапун. Понекогаш, сосема во ред е да го измиете детето само со топла вода. Лекарите сметаат дека прекумерното користење сапун го уништува природниот себум на кожата и ги уништува бактериите корисни за луѓето. Колку повеќе се туширате толку повеќе ги оштетувате и ги губите корисните бактерии.

Навиката за секојдневно туширање е последица од неоправдано наметнатите културни норми, а не е објективно корисна процедура за здравје.

Би требало да ги миеме рацете често и тоа од оправдани причини. Но нашата кожа има природен механизам на чистење, а пазувите, стапалата и гениталиите сепак би требало да се мијат секој ден.

Во 1992 година бев во амазонска џунгла каде што запознав интересно племе кое имаше неверојатно свиленкава и здрава коса и покрај фактот што никогаш во животот не виделе шампон.

Сфатив дека постојаната употреба на шампон доведува до измивање на заштитниот слој маснотии на косата, па косата се суши и крши. Кога се вратив од Бразил, престанав постојано да ја мијам косата со шампон. Резултатот беше здрава коса без првут.

Ова се сега моите навики кои не планирам да ги променам наскоро.

Новинарка не ја миела косата 3 недели: Еве што сфатила на крајот од експериментот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.