Вака изгледа домот на Новак и Јелена Ѓоковиќ: Луксуз, но со мера! (ВИДЕО)

Погледнете

Јелена и Новак Ѓоковиќ изолацијата за време на коронавирус ја поминуваат во удобноста на својот дом, а друштво им прават нивните деца, Стефан и Тара

Католичкиот Велигден го поминале на интересен начин, па по тој повод објавиле и видео со кое им се обратиле на верниците што го прославуваат тој ден.

Станува збор за јога-предизвик, кој го правеле во својата дневна соба. Па така, обожавателите можеле да ѕирнат во нивниот дом и да го видат раскошот во кој уживаат тенискиот ас и неговата сопруга.

„Честит Велигден на сите што го слават! Мислиме на сите вас и ви испраќаме многу љубов со желба оваа ситуација да ја пребродиме заедно и од неа сите да излеземе подобри и посилни. Ноле и јас ви ветивме јога-предизвик и многу се забавуваме додека го снимавме. Деца пеат, кучиња лаат… сѐ е совршено.“

https://www.instagram.com/p/B-5IWHSDgKF/?utm_source=ig_embed

Јелена Ѓоковиќ најмногу сака кога нејзиното семејство е собрано на куп, но и во нормални околности, кога не е вонредна состојба, често споделува слики и видеа како го поминува слободното време. Сликите од патувања, експериментите во кујна и другите активности отсекогаш ја интересирале јавноста. Еве едно такво видео на дело…

Новак Ѓоковиќ како Капетан Кука во услови на самоизолација (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.