Новинарка не ја миела косата 3 недели: Еве што сфатила на крајот од експериментот!

Три неделен предизвик

Таа на сите жени им препорачува да го прифатат овој предизвик, бидејќи така ќе сфатат што е најдобро за нивната коса

Новинарката Софи Свиеточовски ја мие косата на секои четири дена, но сега одлучила да не користи шампон две недели.

Имено, таа одлучила да направи еден необичен експеримент.

„Пред самиот почеток на предизвикот, поминав 20 минути под туш. Со оглед на тоа што знаев во што се впуштам, детално го измив темето. Се надевав дека ќе остане чисто барем неколку дена“, вака ја почнува својата приказна.

Првата недела од предизвикот: Петтиот ден е клучен

Првите неколку беа вообичаени, не се нервирала ни кога ги забележала првите знаци на маснотии на косата.

„Така е како што е“, се тешела самата себеси додека ја врзувала косата во високо опавче.

Признала дека тогаш мислела дека ова ќе биде лесна задача. Но не била свесна дека масната коса е само еден од сегментите со кој ќе мора да се избори ако одлучи некое време да не користи препарати за коса.

Првите проблеми се појавиле петтиот ден, бидејќи косата почнала да ѝ се тутка од насобраните маснотии.

„Можам да го споредам тоа со путер. Кога ќе се стопи, можете сѐ да правите со него. Но ако го оставите да се стврдне и манипулацијата со него станува многу покомплицирана“, ја доловила ситуацијата.

Понапорно ѝ било да ја чешла косата за разлика од претходно, а во јавност носела пунџа. Вели дека важно е добро да се исчешла косата пред да се измие со вода.

Прв пат ја измила косата со вода шестиот ден

https://www.instagram.com/p/BmQYlHMFkeO/?utm_source=ig_embed

„Брзо миење или масни јуфки – тоа беа моите единствени опции“, открила.

Истата одлука ја донела и три дена подоцна.

„Ако планирате да се обидете со овој предизвик, првите неколку миења без шампон ќе ви бидат напорни. Инстинктивно ќе посегнете по шампон“, предупредила таа.

Со оглед на тоа што не користела шампон, косата сѐ почесто ѝ се замрсувала. Меѓутоа, овој проблем го решила така што задолжително ја чешлала со четка пред да ја мие со вода.

„Исто така, ако планирате да ја миете наутро – немојте да го правите тоа на работен ден. Не можете да исушите коса со фен без шампон и балсам, ако не сакате да имате уништени врвови. Природното сушење е најсигурниот метод“, Софи открила неколку трикови за полесно да го пребродите предизвикот.

Втората недела од предизвикот: Миризбата станува проблем

Софи напоменува да не очекувате дека масната коса ќе исчезне, бидејќи водата не ја чисти на истиот начин како шампонот. Ќе отстраните малку маснотии и нечистотии, но не доволно за десеттиот ден од експериментот да се појавите без јуфки залепени на главата.

Новинарката издржала две недели од предизвикот, но потоа се соочила со нов проблем – непријатен мирис.

„Морам да признам дека двете недели поминаа прилично добро без шампон, но смрдеата што лебдеше над мојата глава ја уништи мојата самодоверба“, открива.

Тогаш конечно сфатила зошто се создава толкава фама околу квалитетните четки за коса. Редовното чешлање ја спасило нејзината коса која во тие моменти била сува и крута.

Според експертите за коса, рамномерното распоредување природни масла на косата е клучно во оваа ситуација. Ја смирува косата и ја чува од кршење.

https://www.instagram.com/p/B8g8QG6nkNV/?utm_source=ig_embed

Трета недела од предизвикот: Спасот за косата го нашла во кујната

По 14 дена, одлучила да ги примени триковите на искусните корисници на овој метод, па косата ја третирала со мешавина од сода бикарбона и вода.

„Не сум навикната состојки за колачи да ставам на коса, но очајно барав решение да се ослободам од смрдеата. Додадов и неколку капки етерично масло од лаванда“, открива.

Со добиената мешавина ја измила косата и веднаш била воодушевена од резултатот – косата изгледала чисто и волуменот бил поголем. Но потоа следело горчливо разочарување.

„Кога се исуши, ми остана ужасна леплива текстура. Секој прамен на косата беше груб на допир“, се присетува Софи.

Иако се плашела дека идејата ќе биде кобна, излегло дека успеала да го ублажи непријатниот мирис што се ширел од нејзината коса.

Ден 16: појава на првите кадрици

Големата промена се случила на шеснаесеттиот ден од експериментот. Тогаш ѝ се појавиле кадрици, па изгледало дека косата заздравела.

„Последните неколку дена од мојот експеримент се будев со нежни бранови. Бев шокирана. Косата секогаш ми била рамна, колку што се сеќавам“, го раскажува Софи нејзиното позитивно изненадување.

Со обид да открие што стои зад тоа, налетала на истражувања кои покажуваат дека претераното нанесување хемикалии, како оние во шампоните и регенераторот, ги израмнува кадриците.

Без овие тешки производи, косата може да дише, па се враќа во својата природна состојба. Софи откриле дека веќе не чувствувала притисок кога ќе излезе надвор и можела слободно да се појави со пуштена коса каде ќе посака.

https://www.instagram.com/p/Bw-KRaNHIZ5/?utm_source=ig_embed

Што заклучила на крајот?

Кога дошол 21-от ден, Софи гордо можела да каже дека успешно го издржала предизвикот. Но што заклучила?

„Не сум одлучила засекогаш да преминам на овој метод, но бев импресионирана од резултатите на само-чистењето. Мојата коса не беше ни блиску до масна како што очекував дека ќе биде во оваа фаза и изгледаше многу поздраво, погусто и пополно. По две и пол недели почувствував дека косата почнува да се прилагодува на целата ситуација“, открила.

Иако била задоволна од постигнатото, признава дека сепак не би се осмелила повторно да го направи истото во скоро време.

„Очајно ми недостигаше беспрекорното чувство што го дава косата измиена со шампон. Никогаш не се чувствував потполно задоволна со миењето само со вода“, искрено признала Софи.

Но тоа не значи дека се вратила на старите навики. Имено, одлучила да користи производи кои во себе содржат природни состојки. На тој начин, ја одржувала косата здрава и без непријатен мирис.

4 трикови за вечно млада коса: Еве што да направите ако сакате да имате коса како Деми Мур!

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More