Принцот Вилијам се појави на свадбата на поранешната девојка: Нерасположен е, а Кејт никаде ја нема!

Шоубизнис

Дали некогаш сте присуствувале на свадбата на поранешниот партнер?

Принцот Вилијам вчера присуствуваше на свадбата на поранешната девојка, со која беше во врска пред Кејт.

Вилијам со Роуз Фарквар беше во врска пред повеќе од 20 години, а се познаваат од мали нозе, пишуваат британските медиуми. Интересно е и тоа дека таа била и на венчавањето на Кејт и Вилијам во 2011 година.

Кејт Никол, пријателката од детството која исто така, присуствуваше на кралското венчавање во 2011 година, ја опиша врската со Фарквар како невина и нежна романса во својата книга “The making of a Royal Romance”.

Вилијам и Роуз беа во кратка врска на почетокот на 2000те години, а останаа во добри односи, па тоа резултираше и со тоа што тој беше гостин на нејзиното венчавање.

Како што се гледа на фотографијата, Вилијам не е најрасположен, а неговата сопруга, Кејт Мидлтон не е видена на фотографиите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.