Докторите сметаат дека оваа диета е најздрава: Искуствата велат дека за 15 дена може да се изгубат и до 5 килограми!

Мислење на експерти

Фото: Getty Images

Гастроентеролозите велат дека нордиската диета е најздравата и им ја препорачуваат на оние што сакаат да ослабат

Гастроентеролозите објасниле колку нордиската диета се разликува од медитеранската и зошто е подобра од неа:

„Постои клучна разлика меѓу овие две диети, а таа се крие во маснотиите. Медитеранската диета содржи маслиново масло, додека нордиската користи масло од маслени репки. Овие масла имаат ист липиден состав, ги користата најздравите маснотии. Се разликуваат само по типот на масло, но секако опфаќаат квалитетни и здрави маснотии, полни со омега-3 и омега-6 масни киселини. Квалитетните омега-3 и омега-6 масни киселини имаат големо влијание врз состојбата на крвните садови. И не смее да се претерува со консумирањето шеќер“, велат докторите.

Тие потенцираат дека разликата се гледа и во изгледот на народите што отсекогаш се хранат вака.

„Погледнете човек од Медитеранот. Понизок е, можеби полничок, има стомак, додека Скандинавецот е вит. Но по зачестеноста на хипертензија и инфаркти, тие се слични. Во последно време многу се истражува и дали прекумерната тежина влијае врз атеросклерозата и сличните проблеми. Утврдено е дека типот на маснотии влијае, но дебелината и не толку. Човек може да има 10-15 килограми вишок, без да има поголеми здравствени проблеми“, откриваат експертите.

„Погледнете ги и грчките и нордиските народи. Три пати неделно јадат риба, и едните и другите. Па потоа, интегрални житарки и овесни снегулки и пијат млеко, но со малку масти. И двете кујни многу користат зеленчук, како зелена салата, рукола, радич, рдоква, кромид… Така внесуваат влакна и масни киселини – сè што дејствува заштитно на организмот“, велат тие.

Истражувањата ја сместуваат нордиската диета меѓу 10-те најдобри диети со долготраен ефект. Диетата е осмислена од страна на научници од универзитетот во Копенхаген. Оние што биле на нордиска исхрана, тврдат дека за 15 дена изгубиле до 5 килограми.

ТРИДНЕВНО МЕНИ
Прв ден

Појадок: Каша од овесни и ржани снегулки со брусница.

Ручек: Бургери од цвекло со свежа салата.

Вечера: Салата од краставици, зелена салата, кисело цвекло, варени јајца, лук и димен лосос.

Втор ден

Појадок: Мафини од ржано брашно со брокула и семки од тиква.

Ручек: Крем-супа од праз и спанаќ.

Вечера: Бакалар приготвен во рерна со кељ и брокули.

Трет ден

Појадок: Ориз со млеко и цимет.

Ручек: Печено пилешко со зеленчук на скара.

Вечера: Крем-супа од компири со димен лосос.

Ги топи маснотиите како на шега, но и драстично го подобрува здравјето: Ова е најдобрата диета на светот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.