Ги топи маснотиите како на шега, но и драстично го подобрува здравјето: Ова е најдобрата диета на светот!

Лесно до топ-форма

Кога ќе почнеме да слабееме, многу е важно да внимаваме и на здравјето, а ова е најбезбедниот можен начин на симнување килограми

Ви откриваме која е најздравата диета и кои се грешките што ги правиме кога се обидуваме да ослабиме или, едноставно, да се храниме поздраво.

Неодамна е објавено дека нордиската диета е поздрава од медитеранската, а експертите ги изнеле своите мислења за сличностите и разликите на овие два режима на исхрана, како и нивниот ефект на здравјето.

„Постои клучна разлика помеѓу овие две диети, а таа се крие во маснотиите. Медитеранската диета содржи маслиново масло, додека нордиската користи масло од маслодајна репка. Овие две масла имаат ист липиден состав и ги користат најздравите маснотии. Се разликуваат само по типот на маслото, но секако содржат квалитетни и здрави маснотии, полни со омега-3 и омега-6 масни киселини. Квалитетните омега-3 и омега-6 масни киселини имаат големо влијание врз состојбата на крвните садовите. И не смее да се претерува со консумацијата на шеќер“, откриваат докторите.

Оваа разлика се огледува и во изгледот на народот што отсекогаш се храни вака.

„Ако погледнете некој од Медитеранот, обично луѓето се пониски, можеби и полнички, имаат стомак, додека Скандинавците се шланк. Но според зачестеноста на хипертензија и инфаркт, тие се слични. Во последно време многу се истражува дали прекумерната тежина влијае врз атеросклерозата и сличните проблеми. Утврдено е дека типот на маснотии влијае, но прекумерната тежина и не толку. Човек може да има и 10-15 килограми вишок без да има поголем здравствен проблем“, откриваат докторите.

Експертите советуваат пет-шест пати неделно да користите масло од маслодајна репка. Се препорачува затоа што е квалитетно, а не е толку скапо како маслиновото. Не евтино колку сончогледовото масло, но не мора да ставате многу, сипувајте по малку и ќе ви трае подолго. А подобро е за вас, бидејќи сончогледовото масло не е здраво.

Што јадат овие народи за да бидат толку здрави? Кои се најздравите намирници?

„Погледнете ги Грците и нордиските народи. Три пати неделно јадат риба, и едните и другите. Потоа, јадат интегрални житарки и овесни снегулки и пијат млеко, но со малку масти. И двете кујни користат многу зеленчук во салати: зелена салата, рукола, радич, рдоква, млад кромид. И сето тоа го јадат пред главниот оброк во денот. На тој начин внесуваат влакна, масни киселини, сè што дејствува протективно на организмот“, заклучуваат експертите.

Ова е диетата која ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.