Принцезата Шарлин по 9 месеци конечно е дома: Од жената што некогаш била, останало само руина…

Погледнете

Папараците ја фотографирале видно ослабената и бледа принцеза Шарлин на аеродром

Принцезата Шарлин се вратила дома во вистинскиот момент – да го смири сопругот по непријатните изјави што јавно му ги изложила неговата поранешна љубовница Никол Коста.

Алберт минатата недела изјавил дека се надева дека принцезата ќе пристигне во Монако пред државниот празник на 19 ноември и желбата му се исполнила. Брзо закрепнала од последната, четврта операција на синуси и внатрешно уво, која била направена во Јужноафриканската Република, па на мира можела да седне во авион и по речиси девет месеци да одлета на друг континент.

Утрината, со приватен лет стигнала во Монако, а лимузина со обезбедување ја дочекала на пистата и ја одвела до палатата. Била облечена во црн комбинезон, додека лицето го заштитила од вируси и љубопитни погледи со маска во истата боја.

Ако сè биде во ред, веројатно за некој ден ќе тргнат со Алберт на пат во Дубаи, каде што би требало да учествуваат на Светската изложба EXPO во име на кралството. Покрај сопругот, на Шарлин најмногу ѝ се израдувале децата Жак и Габриела, кои, со исклучок на една скорешна посета, изминативе месеци можеле да ја видат мајка си само преку видео-повици.

Најтажната жена на светот: Последната фотографија на принцезата Шарлин ги загрижила обожавателите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.