Најтажната жена на светот: Последната фотографија на принцезата Шарлин ги загрижила обожавателите!

Ќе ве полазат морници

Нејзините преслаби раце загрижиле многумина

Принцезата Шарлин од Монако, најтажната жена на светот, како што ја нарекле некои медиуми на денот на нејзината венчавка, на својот инстаграм-профил објавила фотографија на која позира со кралот на јужноафриканскиот народ Зулу, Мисузул, каЦвелитини.

„Ви благодарам за вашата љубезност и поддршка“, напишала Шарлин во описот на фотографијата и додала „Баједе Нкоси“, што на африкански јазик значи „поздрав кралу“.


Принцезата позирала во кошула и дебел џемпер, а околу вратот носела круничка. Нејзините следбеници во коментарите ѝ порачале дека се загрижени за неа и дека не им изгледа добро, пред сè, поради нејзините преслаби раце.

„Ти не си добра. Погледнете ѝ ги рацете“, „Изгледаш многу уморно и тажно“, „Има толку многу тага во твоите очи. Се надевам дека еден ден повторно ќе бидеш среќна“, „Навистина ти треба поддршка во овие моменти“, се само некои од коментарите под фотографијата.

Еден од следбениците ја прашал принцезата кога планира да се врати дома, но не одговорила на неговото прашање.

Принцезата Шарлин итно хоспитализирана: Докторите и семејството се преплашени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.