Ќерката на Анџелина Џоли во фустан: Мајка ѝ со години тврдеше дека Шајло е момче заробено во тело на девојче, но дали е баш така?!

Шокантно

Анџелина Џоли (46) дошла на премиерата на својот нов филм Eternals, а друштво ѝ правеле децата Медокс (20), Захара (16), Шајло (15), Вивиен (13) и Нокс (13)

Анџелина Џоли (46) повторно почнала да снима, а моментално го промовира својот нов филм Eternals во кој ја глуми жената-воин Тена. Во тој стил се појавила и на црвениот килим.

Облечена во светлокафен фустан со богати набори, но разголено деколте и раце, Анџелина со помош на накит сакала да изгледа како жена-воин и на црвениот килим.

Друштво ѝ правеле децата, меѓу кои најмногу се истакнала Шајло, која за оваа пригода облекла фустан!
Тоа не би било чудно ако досега Анџелина не зборуваше постојано дека Шајло е всушност момче заробено во тело на девојче. До пред неколку години, Анџелина упорно ја облекуваше Шајло во машка облекла и ја нарекуваше Џон.

Изгледа дека ситуацијата не е баш таква, бидејќи Шајло пораснала во прекрасно девојче, кое на црвениот килим срамежливо стоело покрај сестра си Захара (16), држејќи ја цврсто за рака.

За оваа пригода облекла фустан во истата боја како нејзината мајка, со тенки прерамки и бели балетанки, додека косата ја собрала во пунџа.

Срамежливо смешкајќи се, цврсто ја држела сестра си за рака, како да бара сила од неа.

Се прашуваме чија била желбата Шајло да биде момче?!

Тоа, сепак, било само фаза?! Шајло Џоли Пит го сменила личниот опис и никој не ја препознал!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.