Принцезата Шарлин итно хоспитализирана: Докторите и семејството се преплашени!

Токму кога тргна на подобро

Принцезата Шарлин хоспитализирана, семејството вознемирено

Среќата на принцезата Шарлин не траеше долго. Само неколку дена откако конечно уживаше во Јужна Африка со сопругот, принц Алберт од Монако и нивните две деца, близнаците Жак и Габриел, пристигнуваат лоши вести.

Здравствената состојба на најтажната принцеза повторно е лоша, изгубила свест и била примена во болница во Јужна Африка. Како што наведуваат странските медиуми, Шарлин паднала во несвест како последица на компликации од инфекцијата што ја добила во мај. Била примена во болница во Дурбан под псевдоним.

„Нејзиното височество, принцезата Шарлин од Монако, во среда доцна вечерта итно беше превезена во болница како последица на колапс предизвикан од компликации по тешката инфекција на уво, нос и грло, која ја добила во мај. Нејзиниот тим на лекари постојано се со неа, а утринава конечно пристигнаа вести дека нејзината состојба е стабилна“, се наведува во официјалното соопштение.

Шарлин минатиот месец имала и втора операција на синуси, која траела дури четири часа, но изгледа дека проблемот сè уште не е решен. Докторите строго ѝ забрануваат да лета со авион, па прашање е кога убавата принцеза повторно ќе биде во својот дом.

Се зборува дека брачните проблеми ја натерале принцезата да ја избричи главата: Не може да се побегне од минатото!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.