Се огласи адвокатот на претепаната актерка: Тврди дека не се случило насилство

Ја откри вистината

Фото: Мирко Табашевиќ

Откако во медиумите како бомба одекна веста дека актерката Марија Каран доживеала непријатност од својот избраник, ИТ-експертот Владан Балабан, за медиумите се огласи и адвокатот на Каран:

Соочени со фактот дека нешто што се случило меѓу две лица доби сосема поинаков епилог во медиумите, па се создаваат невистинити приказни, бараме од јавноста и медиумите да имаат разбирање. Помеѓу г-ѓа Каран и г-дин Балабан несе случило семејно или физичко насилство. Затоа ви се обраќам на овој начин и барам да се заштити приватноста на г-ѓа Каран, за да се избегнат сензационалистички вести кои немаат основа во вистината и во она што се случи“, изјави адвокатот на Марија Каран, адвокатот Милан Кундачина.

Да потсетиме, во медиумите се појави информација дека во еден белградски ресторан дошло до жестока расправија меѓу актерката и нејзиното момче, која завршила на улица, кога е уништено „поршето“ на бизнисменот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Karan (@marija_kara)

Според написите во медиумите, Балабан ѝ удрил шлаканица на актерката по расправијата, а потоа таа наводно извадила тегови и пепе-апарат од автомобилот и го скршила задното стакло на автомобилот.

Актерката вчера изјави за медиумите:

Не видов што се пишува во медиумите, не следев. Доколку ве интересира што се случило, контактирајте го мојот ПР-менаџер, потоа можете да ги дознаете деталите. Благодарам“, рече Марија.

Фото: Инстаграм, Мирко Табашевиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.