Експертите пресудија: Ова се 5-те најефикасни диети во 2021 година!

Ако барате начин да ослабите...

Со овие диети луѓето ефикасно и брзо губеле килограми

Како што се ближи крајот на оваа година, можеби веќе сте подготвени за нов почеток. Оваа година сите жонглиравме со обврските и новостекнатите вештини што ги наметна пандемијата, а можеби сега е време малку повеќе да се посветите на себе.

Еден од водечките портали за истражување податоци U.S. News & World Report побарал од експерти во здравство да ги рангираат резултатите од најдобрите начини на слабеење оваа година, според тоа колку се безбедни, практични и успешни.

Експерти за храна, нутриционисти и здравствени експерти проучувале 39 програми за слабеење според специфични критериуми, а овие 5 програми за слабеење ги одбрале како најдобри опции:

5. Диета на клиниката Мејо

Експертите ја ставиле оваа диета на петто место поради самиот пристап, кој се базира на тоа здравата исхрана да се претвори во животна навика со пирамида што препорачува консумирање овошје, зеленчук, житарки, здрави маснотии и со 30 минути физичка активност дневно.

4. Волуметриска диета

Експертите истакнуваат дека овој вид диета е потенцијално добра за здравјето на срцето и за дијабетес. Во оваа диета фокусот се става на намирници со малку калории, но многу вода и тие смеат да се јадат неограничено. Целта е личноста да не гладува, туку храната со многу калории да ја замени со здрави и вкусни намирници што содржат многу малку калории.

3. Веганска диета

Сигурно сте чуле дека можете исхраната да ја базирате само на билки и дека тоа е добра одлука за вас и за планетата. Според експертите, намирниците богати со влакна и здрави маснотии, ако добро се балансираат, можат да влијаат врз губењето килограми. Податоците откриваат дека моментално, околу 6% од жителите на Америка се вегетаријанци што е за 5 отсто повеќе за разлика од пред 7 години. Можеби, ограничувачки е тоа што во веганската исхрана личноста мора да почитува многу забрани, кои тешко е да се следат, особено ако е навикната на западна храна.

2. WW диета (некогаш позната како Weight Watchers)

Експертите го фалат овој вид исхрана, бидејќи дозволува да јадете што сакате и да усвојувате здрави животни навики, но и да губите килограми.

1. Флекситаријанска диета

Флекситаријанството е поим што го сочинуваат два збора: флексибилно и вегетаријанство. Ова е главно вегетаријански начин на исхрана, со повремена консумација на месо. Целта е да се јаде повеќе храна од растително потекло, а помалку месо. Освен што ќе се губи телесна маса, ќе се подобри генералната здравствена состојба. Експертите се согласуваат дека овој начин на исхрана може да биде и животен стил, а трикот е во тоа да се пронајде баланс и да се внесуваат сите потребни нутриени и минерали.

Барби-диетата моментално е најголемиот хит во светот: Со овој начин на исхрана се губат и до 4 кг за една недела!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.