Поради сопругот ја променила верата, па доживеала вистински пекол: Еве што ѝ направиле свекорот и свекрвата!

Бурен живот

Ни во најтешките мигови не се откажала од љубовта

Карли Клос (29) е една од најуспешните манекенки на денешницата. На 17 години првпат ја красеше насловната страница на „Вог“, а потоа беше ѕвезда на овој магазин уште 39 пати.

Беше дел од ангелите на Викторија, но се откажа за да му се посвети на студирањето. Карли вели дека на 21 година се заситила од сè, била ветеранка во својата работа и не чувствувала никаков предизвик во модниот свет.

„Отсекогаш ме привлекувал светот на технологијата, но не го разбирав, што ме фрустрираше“, рекла таа во една пригода.

Тогаш одлучила да се запише на курс за кодирање за да стекне искуство.

Карли го основа кампот Code with Klossy кој им дава стипендии на младите девојки што ги интересира информатика, инженерство и математика.

Покрај нејзиниот интересен и нетипичен деловен живот, Карли има уште повозбудлив љубовен живот. Пред 3 години убавата манекенка се омажи за Џошуа Кушнер, брат на Џаред Кушнер (сопругот на Иванка Трамп), кој му е зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Двојката се венча во октомври 2018 година, а манекенката поради сопругот ја промени верата и стана еврејка.

„Го следев своето срце и се омажив за мажот што го сакам и покрај сите компликации што се случија“, рекла Карли.

Имено, семејството на Џошуа сметало дека Карли не е доволно добра за него, па ја запознале дури по 6 години врска.

На неговото семејство најмногу му пречело тоа што Карли не е од иста вероисповед како нивниот син. Со години зборувале лоши работи за неа, а не се ни обидувале да го скријат своето мислење.

Дури и кога ја променила верата, тоа не им било доволно. Иако одлучиле да ја запознаат, се шушка дека и понатаму не се во добри односи, а како што велат нивните блиски луѓе, никогаш нема ни да бидат.
Меѓутоа, Карли е сигурна во својата љубов и никогаш не ни помислувала да го напушти сопругот.

Семејството на сопругот ја мразело и сметало дека не е доволно добра за него, но тој не ги слушал и веќе 8 години уживаат во љубовта
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.