Сладок грев на којшто нема да можете да му одолеете: Овој колач е кремасто свршенство од вкусови!

Залачиња на чисто задоволство

Брзо се приготвува, па одличен е за летните денови, кога не е баш најпријатно да се поминува време покрај шпорет…

Состојки:
  • 1 пакување од 300 г бисквити
  • 200 г чоколадо
  • 6 лажици масло
  • 8 лажици млеко
  • 2 кесички пудинг од ванила што не се готви
  • 500 мл млеко
  • 200 г кисела павлака
  • 200 мл слатка павлака
  • декорација по избор
Приготвување:

Стопете го чоколадото со масло и со млеко на пареа или во микробранова. Ако има поголем процент на какао во чоколадото, слободно додајте уште 2 лажици млеко, бидејќи кога колачот ќе се стегне, чоколадото мора да остане меко за лесно да се сече колачот.

Оставете го чоколадото да се лади додека ги изматите преостанатите состојки.

Изматете го пудингот со млекото, додајте павлака, па изматете и на крај додајте слатка павлака, па сето тоа добро изматете го со миксер.

Поделете ги бисквитите на 3 дела, па првиот дел наредете ги во плех со димензии 30х20 см или во калап.

Не треба да се потопуваат во млеко, бидејќи се тенки и ќе се соберат од влажноста на филовите.

Врз бисквитите ставете една четвртина од филот од пудинг, израмнете, па ставете половина од чоколадото и израмнете го.

Ставете го колачот во фрижидер или кратко во замрзнувач за да се стегне чоколадото. На чоколадото повторно ставете четвртина фил, бисквити, фил, чоколадо, фил, бисквити. Декорирајте по избор.

Добро оладете го колачот, па послужете го.

Султанска сарма: Колач од којшто секој ќе ви бара репете!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.