6 години била во затвор, продавала дрога, а потоа една средба променила сè: Бурното минато на фаталната Русинка!

Живот како од филм

Убавата Русинка не била поштедена од скандали

Манекенката Елена Перминова (34) денес има живот од бајките – сопруга му е на милијардерот Александар Лебедев, има три деца, прекрасна вила, бројни патувања зад себе, скапоцени автомобили и облека од најпознатите светски дизајнери, а некогаш немала ништо, и тоа буквално.

Со семејството живеела во Сибир во голема сиромаштија. Некогаш се случувало да оди на спиење гладна, а кога татко ѝ ќе ѝ донел чоколадо или бонбони, буквално не знаела како да реагира од среќа, бидејќи такви моменти биле ретки.

На 16 години, Елена го напуштила родителскиот дом за да побара подобар живот. Меѓутоа, набрзо западнала во проблеми заедно со тогашниот партнер.

Русокосата била фатена како продава дрога во еден ноќен клуб, поради што затворила во затвор.

Иако се нашла во незавидна ситуација, не ни сонувала дека токму оваа непријатна ситуација ќе ѝ го промени животот од корен. Од затвор ја извлекол нејзиниот сегашен сопруг, милијардерот Александар Лебедев.

 

Дилерот што Елена го издала ѝ се заканувал со смрт, а во Русија не постои заштита на сведоците, па била осудена на 6 години затвор. Потоа, татко ѝ некако стигнал до Лебедев, кој тогаш работел на донесувањето закон за заштита на сведоците како член на парламентот.

Неколку години подоцна, помеѓу Елена и 27 години постариот милијардер се родила љубов, а оттогаш таа го нарекува свој ангел-чувар.

Набрзо по излегувањето од затвор започнала кариера на модел со тоа што се фотографирала за славниот „Плејбој“. Многумина ѝ замериле поради таа фотосесија, но таа нагласила дека никогаш не се срамела поради тоа. Паралелно завршила економија во Москва, влегла во светот на висока мода, во кој брзо напредувала, па денес важи за модна икона.

Денес живее повлечено со семејството, сопругот и децата Арин, Егор и Никита.

Елена на 16 години избегала од дома и продавала дрога: Тој го претворил нејзиниот живот во бајка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.