Совршена боја и уште подобар крој: Рита Ора прошетала во комбинација што ги крие недостатоците и ги нагласува најубавите делови на телото!

Полн погодок

Одамна не сме виделе подобар стајлинг

Рита Ора ги воодушевила модните критичари кога се појавила во крем костим. Со црни салонки и детали од тантела, овој стајлинг е за пофалба.

Пејачката добро знае во што жената изгледа најдобро, па и овој пат одлично одбрала. Оваа нијанса е особено актуелна оваа година, а самиот крој ги нагласува облините и најубавите делови на женското тело.

Тенкиот ремен на струкот создава фигура на песочен часовник, додека длабокото деколте визуелно ја издолжува фигурата. Неверојатно е како еден толку мал детаљ може да направи голема разлика во изгледот.

Модните критичари ја наградиле со чиста десетка, но дали вам ви се допаѓа овој стајлинг?

Која сестра подобро ги искомбинирала каубојките: Кендал Џенер или Кортни Кардашијан? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.