Погодете која е овде мајка (44), а која ќерка (21): Живеат како сестри, ја делат облеката и вкусот за мажи, дури и излегуваат заедно!

Неверојатно

Нивниот живот некому му е чуден, но тие уживаат

Џоли Дијаз (44) живее во Калифорнија и ја бие глас дека е една од најзгодните мајки. Имено, таа е многу младолика, дотолку што сите мислат дека ќерка ѝ е всушност нејзина сестра!

„Млади мажи ме покануваат на состаноци, но сите ги одбивам без размислување. Имам впечаток дека си создале лажна слика за мене врз основа на мојот инстаграм-профил“, вели Џоли, која има полнолетна ќерка.

Иако од сопругот се развела пред 14 години, Џоли не се откажува од мажите, па често излегува со ќерка ѝ.

„Кога помлади мажи ме канат на состанок, сметам дека тоа е еднакво ласкаво кога тоа го прават и оние на моја возраст. Мислам дека потребна е голема храброст за да му пријдете некому и да го поканите на состанок. Мислам дека помладите мажи често фантазираат за тоа како е да се излегува со повозрасна жена, додека постарите мажи се прагматични“, заклучува таа.

„За мене годините не се проблем, но сакам да најдам некого покрај кого ќе растам, ќе станувам подобра. Не сакам да излегувам со некој што само сака забава.“

Џоли и ќерка ѝ често излегуваат во двојки:

„Кога и двете сме во врска, често одиме заедно со момците на куглање, планинарење или на плажа… Мелани постојано ми бара совети за љубовта и врските. Ми се допаѓа тоа што ми верува!“

 

Џоли станала светска сензација кога нејзините фотографии стигнале до медиумите. Никој не можел ни да си замисли дека жена на 40 години може да изгледа толку младолико.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joleen Diaz (@joleendiaz)


Но и покрај популарноста, Џоли сè уште не ја нашла љубовта на својот живот:

„Претпочитам амбициозни, мотивирани мажи, полни со самодоверба… Тој мора да биде во состојба да придонесе финансиски, но и емоционално. Мора да сака кучиња, бидејќи имам златен ретривер. Мора да биде отворен, но и физички активен. Тоа ми е важно“, вели Џоли.

Мајка и ќерка ослабеле 80 килограми: Промениле само едно нешто – еве за што станува збор!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.