Посно славско лепче за Свети Никола: Најубавата и најмеката погача!

Неверојатно вкусна

Главната ѕвезда на секоја славска трпеза

Состојки:
  • 500 мл млака вода
  • 750 г брашно
  • 30 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажица посен маргарин
  • малку сол
Приготвување:

Во малку млака вода растопете го квасецот, додајте шеќер, остатокот од водата, брашно и сол, па замесете средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне.

Тестото расучете го во правоаголник, па премачкајте го со малку посен маргарин.

Обликувајте го по желба, посипете го со малку сусам и ставете го во плех за печење. Покријте го за повторно да нарасне, па премачкајте го со масло и печете го на 200 степени, 40 до 45 минути.

Еве како да приготвите мека погача без маргарин: Здрава и вкусна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.