Еве како да приготвите мека погача без маргарин: Здрава и вкусна!

Превкусна!

Погачата може да се приготви и без премачкување со маргарин или путер

Состојки:
  • 20 г квасец
  • 300 мл млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажиче шеќер
  • малку сол
  • 550-600 г брашно
  • малку масло
Приготвување:

Растопете го квасецот во млеко и додајте шеќер. Кога квасецот ќе запени, додајте јајце, брашно и замесете средно тврдо, мазно тесто. Оставете го да одмори 30 минути, па расукајте го на маса во правоаголник и премачкајте го со малку масло.

Исечете го тестото по должината на ленти до рабовите, не до крај. Со раце фатете ги рабовите и завиткајте го во ролна, а потоа во круг.

Ставете ја погачата во тепсија со пречник од 22 см. Обложете ја тепсијата со хартија за печење. Оставете ја да одмори, па премачкајте ја со жолчка и посипете ја со семки. Печете ја на 180 степени Целзиусови околу 40 минути.

Млечна погача: Еве како се прави најмекото печиво на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.