Мајка и ќерка ослабеле 80 килограми: Промениле само едно нешто – еве за што станува збор!

Одлучно!

Каде што има волја, таму има и начин – овие две жени ја докажале оваа изрека

Секој што сака да ослаби, може да ослаби, но ако има силна волја. Оваа приказна навистина инспирира! Имено, станува збор за мајка и ќерка кои одлучиле да променат нешто во врска со својот изглед.

Џејми Алисон и Калиста Џонс заедно изгубиле вкупно 80 килограми, а еве и како!

https://www.instagram.com/p/BhY_0cxhtqm/?utm_source=ig_embed

Се мотивирале за промена на начинот на живот

Џејми (40) и Калиста (18), како и повеќето од нас, во новата година влегле со одлуката да си ги подобрат кондицијата и здравјето. Тоа било 2016 година кога одлучиле да променат нешто во својот живот. Се запишале на часови по танц.

За три години, танцот целосно го сменил нивниот живот на подобро.

Откриле нов вид танц кој соединувал џез музика, танц од осумдесеттите години на минатиот век, јога, пилатес и кикбокс. Иако звучи чудно, овој вид активност потполно го променил нивниот начин на живот.

https://www.instagram.com/p/BY2BLMhBpFg/?utm_source=ig_embed

Тие промени во нивниот живот позитивно влијаеле врз сите сфери од животот

Кога ги видел позитивните промени на жена му и ќерка му, и таткото одлучил да се прилагоди на новиот, поздрав начин на живот. Па така, целото семејство почнало да води поздрав живот. Јаделе свежи и здрави намирници, готвена храна и многу пешачеле. Промените биле позитивни и видливи – целото семејство станало фит!

https://www.instagram.com/p/B1hvzeEplQh/?utm_source=ig_embed

Со оглед на тоа што цела Америка се бори со проблеми со дебелина, ова семејство е вистински исклучок. Тие одлучиле да му се спротивстават на овој проблем на свој начин. Одлуката паднала тоа да биде активност во форма на танц, која ги поттикнала на здрав начин на живот.

https://www.instagram.com/p/BcUerxBFFDg/?utm_source=ig_embed

Ова семејство вели дека тајната лежи во навиката и желбата да се успее. Тие едноставно решиле да водат поздрав и поактивен начин на живот, а резултатите многу брзо се покажале.

По три години, мајката и ќерката велат дека се посреќни, позадоволни со својот одраз во огледалото, многу попозитивни и поздрави.

УСПЕАВ: Јована Трајковска ни раскажа сѐ за нејзината фитнес-трансформација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.