Тапетите повторно се во мода: Разубавете го животниот простор со минимален влог – 8 одлични идеи!

Уредување на ентериерот

Феноменален начин да го разубавите ентериерот

Уредувањето на ентериерот или реновирањето е стресна задача за време на која обично забораваме на некои трикови, што можат да ни помогнат со малку пари да го освежиме станот.

Она што со еден потег може да го разубави целиот ентериер, секако е промената на бојата на ѕидовите, но со оглед на тоа што ова е напорна работа која подразбира поместување на мебелот, чистење и, во повеќето случаи, најмување молер за сè да излезе одлично, многу поедноставно а еднакво ефектно решение се тапетите.

Популарноста на тапетите веќе некое време не стивнува, а тие се воедно и најдобриот начин да го освежите домот со минимално вложување пари и минимално потрошено време.

Доколку ви досадил изгледот на дневната соба, трпезаријата или бањата, тапетите се идеалното решение.

За оваа декорација нема да ви требаат посебни вештини, бидејќи буквално секој може да ги залепи. Вам ви преостанува само да одберете интересен дезен и да го промените изгледот на станот за миг. Пронајдовме неколку феноменални идеи за уредување што можат да ви послужат како инспирација:

Кој вели дека за бањата резервирани се исклучиво плочките?

Дневната соба за миг ќе изгледа поубаво со тапети со впечатлив дезен. Еве неколку примери:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Serene (@serene.and.co)

Одлично се вклопуваат и во спалната соба, но и во трпезаријата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thinkart | Home Decor (@thinkart.gr)

6 парчиња за уредување на ентериерот што зрачи со стил
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.