Остарел прекуноќ: Ештон Кучер (43) повеќе не личи на себе!

Погледнете

Ештон Кучер бил фотографиран на снимањето на новиот филм, а многумина забележале дека на фотографиите изгледа постаро

Мислевме дека актерот Ештон Кучер засекогаш ќе изгледа како 20-годишно момче, но најновите фотографии покажуваат дека и тој старее.

Ѕвездата од ТВ-серијата „Луди 1970-ти“ била фотографирана на снимањето на новиот филм, романтичната комедија Your Place or Mine, во која глуми со колешката Риз Витерспун. Додека шетал пред камерите во квартот Бруклин во Њујорк, тој изгледал како згоден бизнисмен.

Обожавателите забележале дека во синиот костим со актовката личи на актерот Џејми Дорнан и неговиот лик Кристијан Греј од филмот „50 нијанси на сива“.

Не можеме а да не се согласиме дека на Ештон многу добро му стои посериозен имиџ и дека ова е убава промена во споредба со неговите опуштени, момчешки модни комбинации. Откако сликите го обиколиле светот, на социјалните мрежи се појавиле коментари во кои обожавателите пишуваат дека актерот изгледа постаро, но и посериозно.

 

„Остарел преку ноќ“, „Баш е убав вака сериозен“, „Каде исчезна тоа негово убаво лице“, „Згодееен“, се само некои од коментарите на обожавателите на Ештон.

Инаку, Ештон Кучер од 2015 година е во брак со Мила Кунис и имаат два сина, Вајат (7) и Димитрија (4).

Претходно беше во брак со Деми Мур од 2005 до 2013 година која беше 15 години постара од него. Деми подоцна во нејзината биографија откри дека актерот ја изневерувал и ја принудувал на секс во тројка, на што се согласила за да му покаже дека е добра сопруга.

Ештон подоцна порачал дека од почит кон сопругата и децата не сака ништо да коментира.

Мила Кунис и Ештон Кучер ги откриле СИТЕ детали од својот развод
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.