Дневен хороскоп за СРЕДА (13.10.2021)

Астролошка прогноза

Терезиите се задоволни, рибите успешни, овните фокусирани, а водолите трпеливи…

Прочитајте каков ден ве очекува и бидете подготвени за сите предизвици!

ОВЕН 

Вие сте максимално фокусирани на работата и успешни. Не сте задоволни од ситуацијата на емотивното поле. Имате потреба од емоционално интензивна врска, но вашата сакана личност не ве исполнува. На моменти сте напнати.

БИК

Не сте задоволни од вашите финансии. Тие се ограничени и имате впечаток дека треба да размислувате за секој денар. Преокупирани сте со емотивната врска. Имате впечаток дека конечно ја пронајдовте вистинската личност. Грлото ви е чувствително.

БЛИЗНАЦИ 

Незадоволни сте од ситуацијата на работа. Што и да се обидете да направите, нема ефект. Не сте сигурни за партнерот. Внимателно следете го неговото однесување. Кога станува збор за здравјето, ќе бидете раздразливи.

РАК

Ве чека море од проблеми. Вие се обидувате да се справите со нив, но тоа не е лесно. Емотивно не сте исполнети. Потребен ви е партнер за да се чувствувате добро. Водете сметка за вашата исхрана.

ЛАВ

Вие сте доста самоуверени и со многу ентузијазам се фокусирате на своите обврски. Успешни сте и задоволни од деловните резултати. Одличен ден е за средба. Зрачите со авторитет и оставате поволен впечаток. Здравјето е добро.

ДЕВИЦА

Имате премногу обврски и сакате да ги завршите што е можно побрзо. Затоа правите мали грешки. Не сте свесни дека постои личност на која ѝ се допаѓате. Погледнете околу вас. Некој внимателно следи што правите. Здравјето е стабилно.

ТЕРЕЗИЈА

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Сè оди како што сте замислиле, и работите на новите деловни планови. Емотивно сте незадоволни. Имате впечаток дека вашиот партнер ви ги натоварил сите обврски на грбот. Здравјето е солидно.

СКОРПИЈА

Незадоволни сте од финансиската состојба. Приливот на пари што го очекувавте е откажан. Уживате во тајна љубов. Им се препуштате на емоциите и страстите. Кога станува збор за здравјето, внимавајте на вашата исхрана. Постои можност некоја храна да ви пречи.

СТРЕЛЕЦ

Не успевате да постигнете квалитетна комуникација со колегите. Вашите идеи не наидуваат на одобрување. Имате симпатија, но не сте сигурни дали таа ве гледа како што вие ја доживувате. Вие сте задоволни од вашето здравје.

ЈАРЕЦ

Обидете се да одвоите повеќе време за да донесете одлука. Ако донесете одлука брзо, ќе се покаете. Незадоволни сте од емоционалната сфера. Комуникацијата е лоша и не се разбирате. Можни се ревматични тегоби.

ВОДОЛИЈА

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Плановите се реализираат токму онака како што очекувате. Не сте исполнети во емотивната врска. Сакате вашиот партнер да го промени однесувањето, но тој одбива да го стори тоа. Здравјето е солидно.

РИБИ

Се појавуваат тешкотии што го забавуваат работниот процес. Со многу оптимизам, започнувате да ги решавате. Пред вас е интересна средба. Интуицијата ви кажува дека сте запознале личност со која ве чека иднина. Здравјето е стабилно.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.