Мила Кунис и Ештон Кучер ги откриле СИТЕ детали од својот развод

Ги шокирале фановите!

Ова видео на Инстаграм ги крие сите детали!

По само 4 години брак, светските медиуми одлучиле да ги разведат. Меѓутоа, холивудските актери Ештон Кучер и Мила Кунис на шеговит и непосреден начин го докажаа спротивното.

Тие на неговиот инстаграм-профил објавиле видеозапис кој е најдобриот ладен туш за сите злобни трачеви.

Во описот на видеото, Кучер му посакал среќа на магазинот што ја објавил веста за нивниот развод, со оглед на тоа што повторно објавиле невистина.

Актерот потсетил дека истиот магазин неодамна објавил дека парот очекува принова.

„Можеби следната недела жена ми ќе носи близнаци. По трет пат. Но кој брои?“, додал Кучер.

Во видеото двајцата седат во автомобил и ја коментираат веста дека се разведуваат.

https://www.instagram.com/p/By6emLYHMdA/?utm_source=ig_embed

„Љубов, што се случува?“, Ештон ја прашува Мила, додека таа ја покажува насловната страница на која се тие двајца.

„Готово е со нас…“, вели Мила Кунис, додека Ештон испаничено ја прашува што ќе се случи сега.

Мила Кунис „открива“ дека има чувство како да ја гуши и дека таа ќе ги земе децата поради мрачните тајни на Ештон.

„Какви мрачни тајни?“, прашува Ештон и заклучува:„Мора да се навистина мрачни.“

На овој начин на сите им ставиле до знаење дека не се разведуваат и дека се’ уште се среќни и вљубени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.