Очите му „паднале“ од ботокс, повеќе не може ни да се насмее: Наместо да се подмлади, музичарот (61) уште повеќе остарел!

Егото не одбира пол

Сајмон Кауел (61) има млада жена, дете, успешна кариера, но тоа не му било доволно – сакал да има и вечна младост!

Годините ставање ботокс во образите и вилицата, како и честите лифтинзи на лицето, си го направиле своето, па Сајмон Кауел (61) постојано изгледа тажно, велат експертите за естетска хирургија.

Постарите фотографии покажуваат дека некогаш имал брчки од смеење околу очите, кои и сега се гледаат малку, но очите трајно му „паднале“ и постојано изгледа тажно. Можеби се смее со усните, но очите му се неподвижни.

Докторот Алекс Каридис во ТВ-шоу за естетски зафати на познатите рекол дека Кауел почнал да изгледа постаро од својата вистинска возраст уште во своите средни 30-ти години.

„Околу линијата на вилицата се гледа дека се јавува некое превиткување и набирање, тоа е природен процес на стареење“, рекол тој покажувајќи стари фотографии од Сајмон.

Каридис претпоставува дека ѕвездата со зафати се обидела да ја отстрани секоја природна опуштеност што се јавува во образите, но очигледно не престанал со тоа кога требало.

„Можете да претерате со тие работи и вашето лице може да изгледа прешироко и неприродно“, рекол покажувајќи фотографија од Кауел од пред пет години.

Испитувајќи ја фотографијата на музичкиот могул од 2006 година, доктор Сара Тонкс додала:

„На 46 години на неговото чело нема линии. Ниту една бледа. Тоа значи дека или имал живот без стрес или користел ботокс. Дефинитивно немал живот без стрес. Откако продолжил да става ботокс до 2021, неговите веѓи почнале да паѓаат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @simoncowell


Додала дека Кауел веројатно дополнително го влошил својот изглед со некои лоши одлуки за козметички третмани.

Освен што изгледа тажно и загрижено, затоа што лицето му е замрзнато од зафати, музичкиот могул последниве месеци навистина има причина за загриженост.

Минатото лето паднал од електричен велосипед во Малибу додека го испробувал во дворот од куќата. Итно бил префрлен во болница каде што било утврдено дека го скршил ‘рбетниот столб на неколку места, па морал да се оперира. Во грбот му била вградена метална шипка, а закрепнувањето било долго и прилично болно.

Поради повредата ја пропуштил завршницата на шоуто „Британија има талент“. Сега вели дека конечно е подготвен да се врати на работа.

Дури ни по 7 години врска не сака да се ожени со неа: Му ја украл сопругата на пријателот, а сега планира да ја остави!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.