Дури ни по 7 години врска не сака да се ожени со неа: Му ја украл сопругата на пријателот, а сега планира да ја остави!

Не верува во брак

Музичкиот менаџер и телевизиски могул, Сајмон Кауел, не верува во брак и не сака да се ожени со својата долгогодишна партнерка

Судијата на емисиите The X Factor, Pop Idol, Britain’s Got Talent, American Idol и телевизискиот могул Сајмон Кауел (60) веќе седум години е во врска со 42-годишната Лорен Силверман, со која има и шестгодишен син Ерик.

https://www.instagram.com/p/B4o29QAh-yv/

Иако бракот не е доказ за љубовта, сепак се смета за убав „додаток“ на постоечката врска.

Но според тврдењата на британските медиуми, Кауел ни по долгогодишната врска не сака да ја одведе својата партнерка пред олтар, бидејќи мисли дека со стапувањето во брак, ќе ја изгуби својата слобода.

Поради тоа, наводно, Силверман е на работ на нервите и размислува за раскинување. За оваа одлука придонел и фактот што го „фатила“ својот дечко како се допишува со поранешната „спајсица“ Мел Би.

Сајмон никогаш не верувал во брак, бидејќи, како што вели, тој не е возможен со оглед на професијата што ја има, но секогаш имал само пофални зборови за својата партнерка.

https://www.instagram.com/p/B_2ueS2hwsu/

Тврдењата за нивното раскинување ги побил нивниот агент задолжен за односи со јавност кој кажал дека парот и понатаму е во среќна врска и дека карантинот го поминува во својот дом на Беверли Хилс.

Инаку, Кауел сегашната партнерка му ја „украл“ на својот поранешен најдобар пријател, Ендру Силверман, кој воедно бил и нејзин некогашен сопруг. Оттогаш нивните односи се нарушени.

Џорџ Клуни и Амал се разведуваат – Бракот во карантин пукна, не можат да се поднесат

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.