Јасни знаци дека романтиката се претвора во нездрава врска и дека е време да раскинете

Дали ви се познати овие знаци?

Понекогаш, дури и кога ќе видиме дека нашата врска е завршена, се залажуваме некое време, дека тоа е само фаза што ќе помине. И што ако таа фаза сепак не помине? Како да знаете кога е вистинско време да се стави крај на врската што прераснува во нездрава врска.

Еден од првите сигнали за нездрава врска е кога ќе забележите дека сè уште чекате да се промени вашиот партнер, наместо да го прифаќате. Дури и паровите, кои се во долги среќни врски, работат на нивната врска секој ден, а вие и вашиот партнер се откажавте. Ако веќе не сте подготвени да работите заедно, време е сите да одат по свој пат.

Еве неколку јасни знаци дека вашата врска прераснала во врска која нема перспектива:

Посесивност 

Еден од првите знаци на нездрава емоционална врска е посесивноста. Ако вашиот партнер сака да знае каде сте и со кого во секое време и има потреба буквално да го контролира вашиот живот, ќе ви биде јасно дека е време да излезете од врската што ве задушува и не ве радува.

Постојано се расправате

Се чини дека вашиот партнер само чека можност за кавга. Ова е еден од првите знаци дека тој не ужива во вашата врска и дека сака да ве напушти, и ако е така, зошто да учествувате во таа агонија.

Тој постојано ви ја префрла вината

Тој постојано се обидува да ви покаже дека вие сте причината што не сте повеќе среќни како порано, но ако би започнале разговор за неговите постапки, тој секогаш би ја свртел темата и би одбил да ја прифати неговата вина. Вие не сакате да бидете сами во врска дури и кога станува збор за вина.

Не прифаќа компромис

За врската да биде успешна, обете страни треба да се согласат на компромис. Меѓутоа, ако вашиот партнер не е подготвен за компромис, тогаш вашата врска повеќе нема смисла. Вие не можете самостојно да се борите за врската, да бидете подготвени за промени и прилагодување без вашиот партнер да биде со вас.

Го спречува вашиот развој

Ако врската во која се наоѓате ве спречува во понатамошен развој и напредок, тогаш едноставно мора да продолжите понатаму, затоа што партнерот треба да ве мотивира да се развивате, а не да ве спречува.

Го буди најлошото во вас

Се повеќе и повеќе се нервирате кога сте заедно. Вие сте затворени и веќе не сте личноста од порано. Еден од основните знаци дека врската е подготвена да заврши е кога чувствувате дека се губите.

Прочитајте и: Користете го овој мал трик за комуникација за да избегнете расправија со партнерот

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.