Користете го овој мал трик за комуникација за да избегнете расправија со партнерот

Едноставно решение

Сите знаеме дека во љубовните врски комуникацијата е клучна.

Додека на почетокот можеби ви изгледа дека сè е во ред помеѓу вас и вашиот партнер, постои можност тој или таа да не биде потполно искрена со вас. Но, можно е тој да го прави тоа дури и не знаејќи.

Имено, начинот на кој поставувате прашање или кажувате нешто на вашиот партнер е исклучително важен. На пример, ако му кажете „зошто не одговори на моите пораки?“, тој ќе се чувствува нападнато и постои можност тоа да резултира во кавга.

Меѓутоа, ако ја преформулирате реченицата и кажете: „Се чувствувам како да ме игнорираш“, ќе му покажете дека се грижите за ситуацијата и дека неговото однесување ве мачи на многу внимателен и емотивен начин. Она што е клучно во таа реченица е зборот „чувствувам“ што јасно ги изразува вашите мисли и чувства, а не звучи како напад. Затоа, следниот пат кога ќе откриете нешто погрешно во однесувањето на партнерот, не заборавајте да го користите овој „магичен“ збор и да избегнете непотребна расправија.

Прочитајте и: Дали често го сонувате бившиот? Психолозите велат дека ова е причината

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.