Дали знаете дека има 4 типа на осаменост? Еве како да се справите со секоја од нив

Како најдобро да си помогнете

Британскиот психолог Беки Спелман откри дека има четири различни типа на осаменост, од кои некои се посериозни од другите, а покрај тоа што ги опишува, даде и совети како да се справиме со секоја од нив.

Емоционална осаменост

„Емоционалната осаменост не зависи толку многу од околностите колку што од личноста“, вели Спелман, објаснувајќи дека во овој случај е неопходно да се дознае вистинскиот извор на проблемот, препорачувајќи да се оди на терапија.

„Разговорот со специјалист може да му помогне на човекот да разбере зошто се чувствува осамено, а откривањето на вистинскиот проблем ќе помогне да се надминат ваквите чувства“, вели психологот.

Ситуациска осаменост

„Ситуациската осаменост може да биде предизвикана од околности кога правењето нови пријателства е тешко“, вели психологот, наведувајќи го одењето на студии или работа во странство како пример. Ваквата осаменост е исто така честа појава кај мајките (или татковците) кои не работат заради децата и кај лица со ментални и интелектуални пречки.

Самата Спелман се соочила со ситуациска осаменост кога се преселила во Дубаи. Иако таа призна дека во почетокот е тешко, таа се борела со осаменоста, одлучувајќи да стане поотворена за нови можности и познаници, а истото ги советува и другите кои се наоѓаат во иста ситуација.

Прочитајте и: Како стресот и потиснатите емоции учествуваат во развојот на болести и како да го спречиме тоа?

Социјална осаменост

„Со ваквата осаменост најчесто се соочуваат луѓе кои заради срамежливост или ниска самодоверба не знаат како да се однесуваат во социјални ситуации“, вели психологот.

Таа предлага различни пристапи за помош, во зависност од изворот на проблемот.

„На пример, ако социјалната осаменост е резултат на ниска самодоверба, обидете се со поинаков начин на дружење, како на пример да запознавате нови луѓе преку Интернет“, сугерира Спелман, а добар начин да ја зголемите вашата самодоверба е да посетите курс, како јога, каде ќе запознаете и многу нови луѓе и полесно ќе се ослободите пред нив. Сè уште ќе треба да го толерирате ова сè додека изолацијата не заврши.

Хронична осаменост

„Хроничната осаменост е термин кој се користи за да се опишат луѓето кои биле осамени толку долго што тоа станало начин на живот за нив“, објаснува Спелман и додава дека овој вид на осаменост е најтежок за справување.

Психологот вели дека хроничната осаменост е обично несакан ефект на околностите, како што е самоизолација, но за разлика од ситуационата осаменост, може да трае многу подолго, па дури и до крајот на животот. Овој вид на осаменост најчесто го среќаваат старите луѓе на кои повеќето пријатели им починале и луѓе кои се преселиле од своето општество заради партнер, или од некоја друга причина.

„Најдобар начин да се справите со хронична осаменост е прво да си признаете себеси дека сте во таква ситуација и потоа да побарате помош. Запомнете, сите заслужуваат пријатели, така и вие“, советува психологот.

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.