На 70 години добила тело какво што немала ни на 20: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Совети што вредат злато

Таа е најстарата фитнес-инструкторка, има 73 години и тело поради кое ѝ завидуваат многу помлади девојки

Кога наполнила 70 години, Џун Мекдоналдс имала речиси 100 килограми и проблеми со крвниот притисок и холестеролот. Тој ден одлучила дека мора да направи нешто.

Со оглед на тоа што нејзината ќерка е фитнес-инструкторка, ја замолила да ѝ држи тренинзи, а таа се согласила. Од својот 70-ти роденден, таа работи со полна пареа и не пропушта ниту еден тренинг.

https://www.instagram.com/p/B_zkqrxjuFh/?utm_source=ig_embed

Вели дека е горда на себе и сега своето знаење сака да го сподели со следбениците на социјалните мрежи.

Таа им порачува на сите:

„Ако една баба на 70 години успеа, тогаш може секој!“

Џун Мекдоналдс целиот живот се борела со вишокот килограми, но нејзиниот живот и навики се сменила за само еден ден. Денес има 73 години и изгледа подобро од кога било претходно.

„Се чувствувам како друга жена“, вели таа.

Две недели учев од ќерка ми за здравиот начин на живот и го применив секој нејзин совет.“

Првите 6 месеци ослабела 20 килограми, а во наредните изгубила уште 15.

Во вежбалница одела 5 пати неделно, а тренингот подразбирал 15 минути кардиовежби и исто толку минути вежби за обликување на телото.

https://www.instagram.com/p/B_ms2t_DUg7/?utm_source=ig_embed

Целосно ја променила исхраната, како и самиот однос кон храната. Наместо 3 големи оброци, почнала да јаде 5 пати дневно, но во помали порции.

Житарки од цело зрно, месо без многу масти и многу зеленчук, на тоа се темели нејзината исхрана денес. Основната група на намирници се протеините. Благодарение на нив, изградила мускули и брзо ги согорела сите масни наслаги.

Вака изгледа нејзината исхрана

Појадок: овесна каша или омлет од 2 цели јајца и 3 белки, малку немасно сирење и зеленчук

Ручек: месо што не е масно, многу зеленчук, интегрален леб

Вечера: риба и зеленчук или интегрален леб и чаша јогурт

Таа има и 2 ужини во текот на денот кои се состојат од едно овошје, шака некое јаткасто овошје или сладолед без шеќер. Одвреме-навреме се почестува со некој десерт. Вели дека ги слуша потребите на телото и се води според нив.

https://www.instagram.com/p/B_KitwZj0Q8/?utm_source=ig_embed

Најважно е да се исфрли масната храна и прекумерната употреба на шеќер. Тоа се главните правила до кои треба да се придржувате. Со дополнителна физичка активност, резултатите нема да изостанат.

Таа нагласува дека без тренинг, невозможно е да се обликува телото.

„Правилната исхрана се подразбира, но и тренингот е многу важен.“

Со изгубените килограми, се ослободила и од сите болести.

„Не користам веќе лекови, немам повеќе проблеми со артритисот, болеста на бубрезите ја држам под контрола. Имам повеќе енергија и самодоверба“, додала таа.

„Лесно е да се стигне до целта кога ќе донесете одлука. Планот на исхрана не е воопшто тежок. Јас никогаш не сум гладна. Најтешко ми беше да тргнам по овој пат, а верувам дека тоа ги мачи многу жени. Само размислете колку подобро ќе се чувствувате и изгледате. Јас сум пример дека сѐ е возможно.“

Мајка и ќерка ослабеле 80 килограми: Промениле само едно нешто – еве за што станува збор!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.