Брзо и лесно: Пита со јаболко што сите ќе ја обожаваат

Испробајте

Генијална пита што ќе се претвори во вашиот омилен десерт.

Состојки:

  • 2 чаши гриз
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1 кесичка прашок за пециво

За филот:

  • 1,5 кг јаболки
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • шеќер по вкус
  • 150 гр маргарин

Подготовка:

  1. Изрендајте ги јаболките и измешајте ги со циметот и додадете шеќер по вкус. Ако имате доста слатки јаболки или сакате помалку слатки колачи, можете да го исфрлите шеќерот во овој чекор.
  2. Измешајте ги сувите состојки (гриз, брашно, шеќер и прашок за пециво)
  3. Премачкајте го калапот (25 х 35 см) со маргарин
  4. Посипете една третина од сувите состојки на дното на калапот и ставете ги ренданите јаболка над тоа. Посипете ја другата третина од сувите состојки и повторно наредете ги ренданите јаболка. Конечно, наредете ги останатите суви состојки
  5. Истурете го целиот сок оставен од ренданите јаболка и покријте го колачот со исецкан маргарин
  6. Печете околу 35 минути на 180 степени.

Предлог за главно јадење: Ризото-тестенини: Италијански специјалитет готов за 25 минути!

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.