Ризото-тестенини: Италијански специјалитет готов за 25 минути!

Совршен вкус!

Не мора да ја варите пастата во тенџере полно со зовриена вода – Италијанците имаат трик имаат трик кој заштедува време

Не е неопходно да ги варите тестенините во вода пред приготвување. Италијанските готвачи си играат со различни методи, а еден од популарните е „паста ризотата“.

Со приготвување на тестенините како ризото се добива убав, кремаст сос. Тестенините може претходно да се потпечат во рерна за да се добие јаткаста арома, но тој чекор не е неопходен. Може да се приготват и во тенџере со кромид.

Состојки:
  • 700-900 мл бујон направен од месна коцка за супа
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 црвени кромиди
  • 300 г тестенини
  • 200 мл суво бело вино
  • 2,5 шолји сос од домати
  • 2 чешниња лук
  • 1 голем домат
  • сол
  • бибер
  • босилек
Приготвување:

Сипете го бујонот во сад, па загрејте го и оставете го на тивок оган за да остане топол.

Загрејте лажица масло, па додајте сечкан црвен кромид и пржете околу три минути, мешајќи. Додајте ги тестенините и мешајте околу две минути.

Додајте вино, па загревајте мешајќи уште две минути. Сипете го сосот од домати и малку по малку додавајте по половина шолја бујон, мешајќи на средно силен оган. Оставете ја течноста да се намали пред да додадете нова.

Тестенините се готови кога ќе омекнат и бидат „ал денте“, а сосот се згусне. Ќе ви требаат 20-25 минути.

На тавче загрејте го преостанатото масло, додајте сечкан лук и пржете една-две минути, па додајте и сечкан домат. Посолете, зачинете со бибер, па додајте ги тестенините и загревајте околу минута. На крајот, украсете со босилек.

Тестенини со спанаќ и грашок: Совршен оброк готов за 10 минути!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.