Неговата моќ ја потврдуваат и лекарите: Овој народен лек успешно спречува појава на инфекции и камен во бубрег!

Природно

Не постои ништо друго што подобро ќе го сочува здравјето на бубрезите

Бубрезите се задолжени за исфрлање токсини, одржување на Ph-вредноста во крвта, балансирање на електролитите и производство на одредени хормони. Како такви, многу се важни за правилно функционирање на целиот организам. Особено важно е да се води сметка за нивното здравје.

Секогаш подобро е да се спречат последиците одошто да се лекува настанатата штета. Традиционалната медицина има решение за секој проблем. Оваа напивка на најдобар начин ќе го сочува здравјето на бубрезите и ќе ја спречи појавата на камен.

Чајот од магдонос прави чуда за овој орган. Тој е благ диуретик и антисептик кој помага во чистењето на телото од штетните материи. Исто така, магдоносот содржи есенцијални нутриенти, кои помагаат во работата на бубрезите, а успешно ја спречуваат и појавата на бубрежен камен и инфекции.

За приготвување на овој чај најдобро е да користите свеж магдонос, а може да се употреби и неговиот корен.

Доволно е една лажица свежо сечкан магдонос да прелиете со 200 мл зовриена вода и да ја оставете 5 минути да отстои, па да ја исцедите. Препорачаната доза е до 3 шолји дневно. Можете да го пиете кој било период од денот, освен доцна навечер.

Здравјето на бубрезите се нарушува и со секојдневните навики. Од таа причина, водете сметка за:

  • Количината на внесена сол
  • Хидрирањето на телото со доволна количина на вода
  • Консумацијата алкохол и пушењето цигари
  • Физичката активност
  • Бројот на часови квалитетен сон.

Прави чуда: Почнувајте го секое утро со оваа напивка и за 14 дена нема да имате ни грам сало на стомакот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.