Не пропуштајте да го посетите пролетниот Саем на книгата на kniga.mk!

Ново онлајн-искуство за целосно книжевно уживање – kniga.mk.

Фото: Unsplash

Првата македонска интернет-книжарница добива нов изглед и ја продолжува традицијата на организирање пролетен Саем на книгата

Ново онлајн саемско искуство од 19 до 30 април на првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk.

Веб-книжарницата која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство од денес ги отвора вратите на својата нова и модерна книжарница која оди чекор понапред во дигитализација на својата понуда и со извонреден избор на печатени, но и електронски изданија достапни за сите читатели, во секој дел од светот. Текстот продолжува по огласот…

Изборот што го нуди kniga.mk е единствен – читај електронски книги на својот уред веднаш, или нарачај ги омилените книги на својата адреса најбрзо и најповолно!

Оваа година, во чест на Светскиот ден на книгата и традицијата на одржување пролетен Саем на книгата, kniga.mk организира ново онлајн саемско искуство. Од денес, па сѐ до крајот на април, избор од над 600 изданија од ТРИ, Паблишер, но и од уште 13 други издавачи ќе бидат на попусти до 70 %, а испораката над 1.000 денари ќе биде бесплатна.

Оваа саемска понуда ќе биде достапна за сите читатели, а процесот на нарачување на книгите и испораката што ги нуди kniga.mk се брзи и безбедни.

Од вчера секој има Саем на книгата дома!

Посетете ја интернет-книжарницата и уживајте во богатата понуда на изданија од сите области – бидете во тек со новитетите како што излегуваат од печат и со топ-листата на најпопуларни книги според читателите.

Искористете ги предностите на виртуелната книжарница и прочитајте извадок од книгата, дознајте ги сите детали за неа пред да се одлучите да ја нарачате. Сето тоа во вашето слободно време, од која било локација.

Ново онлајн-искуство за целосно книжевно уживање – kniga.mk.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.