25 начина на бојосување јајца: Неверојатни шари добиени на едноставен начин! (ВИДЕО)

Играта може да започне!

Фото: Илустрација

Време е да соберете идеи за бојосување јајца, Велигден се ближи

Ако сакате шарени и весели велигденски јајца, ви требаат две работи: голема желба и детски ентузијазам. Секако, ќе ви требаат и бои, лепило, јајца, женски чорапи, тревки, пена за бричење и слично.

Ако навистина уживате во бојосувањето јајца за Велигден, дури сега ќе го разберете значењето на овој празник и причината зошто го нарекуваат највесел.

Ви предлагаме 25 оригинални идеи за бојосување јајца…

1. На варено јајце залепете тревки, ставете ги во чорапи, а чорапите со јајцата потопете ги во вода со боја. Оставете ги 5 часа во вода, а потоа извадете ги, исушете ги и отстранете ги тревките.

2. Бојосајте го јајцето стандардно со боја, а потоа со траен маркер исцртајте го јајцето по желба.

3. Обојте ги јајцата во основната боја, а потоа со сунѓер нанесете ја бојата како сакате. Финиширајте со бела боја со помош на четкичка за заби.

4. Нанесете пена за бричење на поголема површена, врз неа ставете боја за бојосување јајца, а потоа потопете ги јајцата. По неколку минути, избришете ги и уживајте во прекрасните бои.

Преостанатите предлози погледнете ги во видеото…

Оваа техника на бојосување велигденски јајца го освои светот: Јајцата на пареа се величествено убави!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.