Оваа табела ќе го промени вашиот живот: Колку вода е доволно да пиете за полесно слабеење?

Секоја диета и начин на губење на тежината подразбира пиење доволно количество вода, а според општата пресметка, препорачаната дневна доза на вода е два литра, или осум чаши вода.

Но, ако сакате да ги зголемите шансите за слабеење и успех во исхраната и да извлечете максимум од водата, мора да ја земете предвид вашата телесна тежина, односно килограмите, и да одредите точно колку вода треба да пиете.

Успехот на диетата се зголемува со внесувањето на доволна количина на вода, а точно колку вода треба да пиете зависи од вашата тежина.

Еве колку вода му треба на вашето тело дневно за да слабее врз основа на вашата телесна тежина:

  • 60 килограми – 2 литри вода (5-6 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 65 килограми – 2,1 литри вода (околу 6 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 70 килограми – 2,3 литри вода (околу 6 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 75 килограми – 2,5 литри вода (околу 7 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 80 килограми – 2,6 литри вода (околу 7 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 85 килограми – 2,8 литри вода (околу 8 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 90 килограми – 3 литри вода (околу 8 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 95 килограми – 3,2 литри вода (околу 9 порции од 3,5 децилитри вода
  • 100 килограми – 3,3 литри вода (околу 9 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 105 килограми – 3,4 литри вода (околу 9 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 110 килограми – 3,6 литри вода (околу 9 порции од 3,5 децилитри вода)
  • 115 и повеќе килограми – 3,7 литри вода (10-11 порции од 3,5 децилитри вода)

Совети за тоа како да пиете доволно вода во текот на денот за да се исполни важното правило на секоја диета:

1. Пијте две чаши 2,5 децилитри вода пред секој оброк. Ако јадете три пати на ден, ќе внесете 1,5 литри вода.

2. Веднаш штом ќе се разбудите наутро и навечер пред спиење, испијте две големи чаши вода и на тој начин ќе испиете до 1 литар вода.

Совет: Ако се будите навечер поради водата што ја пиете пред спиење затоа што мора да одите во тоалет, испијте ја таа чаша вода и наутро. За уште подобар ефект на вода, можете да додадете лимон или други додатоци на вода.

Прочитајте и: Краставицата е пријател на здравото варење!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.