Неуредна коса, испиено лице – актерката не личи на себе: Сите се загрижиле поради нејзиниот изглед на Канскиот фестивал!

Трансформација

Нема ни трага од познатата гламурозна дама

Кога актерката Енди Мекдауел (63) се појавила на црвениот тепих, сите гледале во неа. Од гламурозната дама нема ни трага, а оваа трансформација е главна тема во сите странски медиуми.

Актерката во 1990-те години важеше за една од најубавите жени. Нејзината убавина не беше класична, отсекогаш го негувала природниот изглед и токму поради тоа им беше омилена на многумина, но ова издание не добило одобрување.

Енди, освен што решила да им каже „не“ на пластичните операции, одлучила и да не ја бојосува косата и да ги пушти седите влакна, исто така како што направила и кралицата Летиција.

Меѓутоа, оваа одлука воопшто не им се допаднала на нејзините фанови.

„Го поддржувам тоа што негува природен изглед, но не ми е јасна оваа постапка“, „Јасно ми е дека жената сака да изгледа природно, но ова воопшто не е убаво.“

Од друга страна, поединци не веруваат дека актерката никогаш не легнала „под нож“ и тврдат дека сето ова е само претстава за јавноста.

„Не оди седа коса со оперирано лице“, можело да се прочита на социјалните мрежи.

Вака изгледала Енди првата вечер на Канскиот фестивал:

Енди Мекдауел (62) ги открила тајните на својот изглед: Никако под нож, само овие две работи помагаат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.