Зебра-палачинки чиј изглед, а и вкус, ќе ве воодушеви!

Идеални и за ненадејните гости!

Се пригитвуваат многу лесно, така што и почетниците лесно ќе го совладаат овој совршен рецепт за вкусни зебра-палачинки!

Потребни состојки:

  • 500 мл млеко
  • 2 јајца
  • малку сол
  • 1 лажица стопен маргарин
  • 100 мл минерална вода
  • брашно
  • 1 лажица какао (оди во 1/4 тесто)
  • пумпица или слаткарска вреќичка за украсување

Приготвување:

Измешајте ги јајцата, солта, маргаринот и минералната вода, а потоа постепено додавајте брашно во смесата додека не стане кремаста и средно густа.

Одделете 1/4 од смесата во друг сад, додајте го какаото и мешајте додека не се измешаат состојките добро. Истурете ја добиената смеса во пумпица или во вреќичка за украсување.

Загрејте го маслото во тава и истурете ја смесата за палачинки, почекајте 10-тина секунди додека тестото не порумени малку и не биде кашесто, а потоа нацртајте спирали со другата смеса. Повторете ја постапката со сите палачинки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.