Енди Мекдауел (62) ги открила тајните на својот изглед: Никако под нож, само овие две работи помагаат!

Негата е најважна

Енди Мекдауел на јавноста ѝ е позната по своите прекрасни кадрици и насмевка – ретко кој би кажал дека има 62 години

Како едно од најпознатите лица во индустријата за убавина, ѕвездата од филмот „Четири венчавки и погреб“, не се плашела да го каже своето мислење за разликата во стареењето кај мажите и жените.

„Секогаш ни зборуваат дека мажите стареат подобро од жените, но тоа не е точно. Треба да ги отфрлиме тие предрасуди. Тоа мислење е дел од нашето општество и култура. Драго ми е што работите се менуваат и дека луѓето престануваат да ги наметнуваат стигмите за нивната старост“, изјавила таа за „Харперс Базар“ и додала:

„Болно е да се слушне дека не сте повеќе убави и дека сте затоа отфрлени.“

https://www.instagram.com/p/B1bNzO8A1Qs/

Ги следи добро познатите правила

Енди признала дека во седмата деценија од животот се чувствува многу послободно во своето тело одошто претходно.

„Порано ги мразев моите нозе, а сега не разбирам зошто, бидејќи имав навистина добри нозе. Тоа ми остана од времето кога бев модел, едноставно сакав да ми бидат како две стапчиња. Жал ми е што сум размислувала така, бидејќи беа совршени и требало почесто да се шетам во кратки здолништа“, открила актерката.

Таа за својот изглед добива само комплименти, но зад него се кријат години посветена грижа. При негата на кожата, актерката се придржува до добро познатите правила, па така, секогаш ја вади шминката пред спиење, редовно користи хидратантен крем и не излегува од дома без крем со заштитен фактор.

Со стареењето на кожата, сѐ поголемо внимание посветувала на препаративната козметика, а помалку на декоративната. Сепак, напоменува дека ни денес не сака да излегува во јавност без исцртани веѓи, коректор и сјај за усни. Претпочита и природен изглед на ноктите, а освен што ги негува со природни масла, повремено ги избелува со помош на лимонов сок. А за да се осигура дека секое утро ќе ја негува кожата, козметиката ја ставила покрај апаратот за кафе, бидејќи знае дека тоа е првото место на кое ќе се појави наутро.

https://www.instagram.com/p/B_QyTLAJCZ7/

Ги проучува намирниците што ги консумира

Кога по повод нејзиниот 60-ти роденден ја прашале која е тајната на нејзината убавина, открила дека се работи за веќе проверен рецепт. На прво место се нашла правилната исхрана, а Енди признала дека многу внимава на квалитетот на намирниците што ги внесува во организмот.

„Верувам во природните сокови и ги користам секој ден. Јадам само храна што не е преработена. Проучувам од каде доаѓа храната и што му прави на моето тело. Сакам да знам од каде доаѓа мојата храна, па дури и сама одгледував своја пченица, за да бидам сигурна“, открила за еден магазин.

https://www.instagram.com/p/B_Qh3eepVD7/

„Сакам да изгледам реално“

Второто правило е вежбање, но актерката нагласува дека тоа го прилагодила на својата возраст и дека ужива во планинарење и јога.

„Одам понекогаш во вежбалница, бидејќи не можам секогаш да се натерам на вежбање, но планинарењето придонесува повеќе за здравјето одошто само вежбањето – со прошетка во природа се одмораат и умот и телото“, истакнала во едно интервју.

Признала и дека моментално е задоволна од својот изглед и дека планира да продолжи достоинствено да старее, без инвазивни методи на подмладување.

„Сакам да изгледам реално. Како актерка, сакам да ги покажам своите ликови низ годините такви какви што се. И засега навистина сум среќна со своето лице“, додала Енди.

https://www.instagram.com/p/B_P3FW4DqS-/

Познати дами кои имаат над 50 години и уште едно нешто заедничко: Никогаш не легнале под нож за убавина!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.