Винка – убавица од Мадагаскар: Еве како да го одгледувате ова прекрасно цвеќе!

Само за уживање

Време е да го украсите вашиот балкон, тераса или двор – засадете винка!

Дополнителна магија на уживањето на балкон или во двор му даваат прекрасните растенија, а едно од нив што совршено ќе се вклопи во вашето парче отворен простор е винка!

Се работи за неодоливо цвеќе кое доаѓа во повеќе бои, а кое можете да го засадите во саксии или во земја – како ви одговара.

Голем плус кај винката е тоа што успева и на балконите кои немаат доволно сонце, а освен тоа, не треба да бидете преголеми експерти за билки за да се грижите за оваа убавица.

Кога ќе ја донесете во својот дом, пресадете ја во поголема саксија за да има простор за растење.

Редовно полевајте ја, но внимавајте да не претерате, па затоа, задолжително пред полевање проверете дали земјата е сува или не.

Ова прекрасно цвеќе ќе го краси вашиот балкон до првите есенски денови, па затоа грижете се добро за него.

Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.