Завела дечко, растурила семејство, станала прва дама: Нови детали од животот на Брижит Макрон!

Контроверзни детали

Брижит Макрон предизвикува контроверзии со својата животна приказна откако се појавила на политичката сцена како сопруга на актуелниот француски претседател Емануел Макрон

„Има моменти во животот во кои мора да донесеш клучни одлуки, и за мене тоа беше една од нив. Разликата од 20 години помеѓу нас беше безначајна. Чувствував дека морам да ја доживеам таа љубов… да бидам среќна“, изјавила таа за својата врска со Макрон.

Во кратки црти, доволно е да се каже дека таа од сопругот е постара дури 24 години, како и дека се запознале во време кога таа била наставничка во средно училиште, во кое одел тогаш 15-годишниот Емануел Макрон.

Во тој период, таа била во брак, имала деца, од кои ќерка ѝ Лоренс учела во исто одделение со Макрон, а нивната љубовна врска предизвикала вистински немири. Сето тоа повторно излегло во јавност кога Макрон одлучил да се кандидира за француски претседател, но и во 2018 година, кога била објавена неавторизираната биографија на Брижит Макрон.

Брижит Трогне е родена во 1953 година, во француското гратче Амиенс, во кое нејзиното семејство било познато по производството на чоколадо. Имено, тие се сопственици на фабриката за чоколадо „Трогне“, една од попознатите во Франција. Иако сите биле уверени дека Брижит ќе тргне по стапките на своите родители и ќе му се посвети на семејниот бизнис, таа тргнала по свој пат.

Она што сигурно го обележило нејзиниот живот е смртта на сестра ѝ, кога таа сѐ уште била тинејџерка. Во 1961 година, нејзината постара сестра загинала во автомобилска несреќа со својот сопруг и шестгодишна ќерка, а сето тоа толку многу ја вознемирило Брижит Макрон и ѝ предизвикало траума, што подигнала ѕид околу себе за да се заштити. Како тинејџерка се занимавала со уметничко лизгање, а тоа ѝ одело толку добро што била членка на лизгачката екипа во своето гратче.

Но школата сепак победила, иако во 1982 година кога имала 29 години, кратко време работела односи со јавност во трговската комора на градот Норд-Пас-де Кале. Поминала две години на тоа работно место, за потоа целото нејзино семејство, поради работата на сопругот, да се пресели во близина на Стразбург.

Токму таму се заинтересирала за политика, па почнала да се занимава со локалната заедница, а помагала и во организирањето настани во околината. Наскоро отишла и чекор подалеку, во 1989 година се приклучила во кампањата „Трухтершајм утре“, а за таа пригода, и нејзиното име се нашло на изборната листа, чија програма ветувало намалување на трошоците за наем на младите семејства и изградба на парк.

Кога имала 31 година го открила својот сон, и тоа сосема случајно. Француската прва дама магистрирала книжевност, и првата работа во протестантско училиште во центарот на Стразбург ја добила веднаш по пријавата, а потоа на 39 години добила понуда од приватно католичко средно училиште во родниот Амиенс, каде што држела часови по глума, а токму таму ја имала првата средба со љубовта на својот живот, кој понатаму ѝ станал сопруг – Емануел Макрон.

https://www.instagram.com/p/B6dJMKoiiAB/?utm_source=ig_embed

Разговорите со поранешните ученици откриле дека Брижит Макрон не била обична учителка која се држела до строгиот однос помеѓу учител и ученик, па често ги носела на претстави, ги слушала нивните мислења, излегувала со нив на пијалак…

Емануел Макрон во тоа време имал 15 години, а ја освоил на прв поглед со својот неверојатен интелект, како и способности. Токму таа негова интелигенција е тоа што и денес секојдневно ја воодушевува. Со текот на времето, преку многу разговори, тие се зближиле, а потоа неговите родители дознале сѐ. За да го спасат семејството од голем срам, но и да го оддалечат синот од сето тоа, го испратиле во Париз за таму да го заврши школот, со надеж дека далечината ќе го опамети и дека Макрон ќе заборави на жената 24 години постара од него.

https://www.instagram.com/p/B-6q3ftgiIf/?utm_source=ig_embed

Но не им успеало. За време на оддалеченоста, за време на која цело време ја одржувале врската со долги телефонски повици, Емануел Макрон размислувал само за моментот кога повторно ќе бидат заедно, но и кога ќе стане полнолетен за да можат да го озаконат своот однос. Цели 13 години биле во врска, за во 2007 година, една година откако Брижит го прекинала својот речиси 20 години долг брак со банкарот Андре Аузиер, тие се венчале.

Венчавката била одржана во градското собрание, на истото место каде што 33 години претходно се омажила за првиот сопруг со кого добила три деца: синот Себастијан, како и ќерките Лоренс и Тифен. Како што признала години подоцна, дури откако нејзините деца биле подготвени да ја прифатат нејзината животна одлука, и таа можела да продолжи понатаму со животот.

„Ми требаше долго време за да сфатам што точно се случува помеѓу мене и Емануел, за потоа да ризикувам сѐ и да станам негова сопруга. Во сето тоа, не сакав да ги уништам животите на моите деца, тоа не беше опција. Секако дека ги повредив, како и секое дете чии родители се разведуваат, но едноставно во еден момент сфатив дека Емануел е мојот живот, а тоа и самите тие го сфатија.“

https://www.instagram.com/p/B-46YF6KMxC/?utm_source=ig_embed

Поради врската со ученик, Брижит Макрон веднаш станала свесна дека сите ќе ѝ го свртат грбот, но веројатно тогаш не се надевала дека ќе ја напуштат и сите нејзини пријатели. Осудувањата на јавноста биле толку силни што на мета се нашле и нејзините родители, кои инаку биле угледни лекари, а жителите на Амиенс почнале да ја третираат како да има чума.

Сето тоа отишло многу далеку, а за тоа говори и податокот објавен во нејзината неавторизирана биографија, во која пишува дека минувачите плукале на нивната влезна врата, но и дека испраќале писма во кои ја осудувале нивната ќерка.

„Во една пригода ми кажа дека тогаш останала без сите свои пријатели. Сите оние со кои патувала, одела на одмори, прекуноќ престанале да разговараат со неа“, раскажал во биографијата еден пријател на контроверзната прва дама.

https://www.instagram.com/p/B-3r5XoHxNb/?utm_source=ig_embed

А како реагира на лошите коментари кои и денес не изостануваат, признала самата таа:

„Со текот на времето научив да се справувам со лошите коментари, иако ми беше тешко. Едноставно знаев дека и тоа мора да помине. Има моменти во животот кога треба да се донесат клучни одлуки. За мене тоа беше нашата врска. Секако, појадуваме заедно – јас и моите брчки и тој и неговата младост, но тоа е така. Да не решев дека годините не се важни, би го пропуштила својот живот и никогаш не би била среќна.“

Брижит Макрон: „Единствената вина на Емануел е што е помлад од мене“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.