Брижит Макрон: „Единствената вина на Емануел е што е помлад од мене“

Првата дама на Франција без „влакна на јазикот“

Каде и да се појави, Брижит Макрон (66), сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон (41), предизвикува многубројни коментари од страна на вистинските и од самонаречените модни експерти. Често и’ забележуваат што е облечена полежерно одошто се очекува од жена на нејзина позиција, а посебна приказна е кога ќе облече нешто што би можело да се нарече секси, како што се кожени панталони или пократок фустан.

Од друга страна, кога ќе земете предвид колкава храброст е потребна за нејзината животна приказна, не ви е потребно многу да заклучите дека станува збор за жена на која коментарите за облекувањето и’ задаваат најмал проблем.

Да не одлучев дека годините не се важни, ќе го пропуштев сопствениот живот и никогаш немаше да бидам среќна“, вели првата дама на Франција.

И покрај тоа, не и’ е сеедно кога е цел на ниски коментари и пакосни забелешки поради големата разлика во годините меѓу неа и францускиот претседател.

Кога читам за нас, имам чувство како да е тоа туѓа приказна. Нашата е толку едноставна. Завршив со тоа и си кажав дека коментарите не ми годат, но морам да се соочам со нив“, изјави Брижит во една пригода.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.