Здравјето на жените во 40-тите години нагло пропаѓа поради овие 6 грешки: Еве кога е вистинскиот момент да одите на лекар!

Дали и вие ги правите овие грешки?

Овие шест грешки можат да доведат до рапидно влошување на здравјето на жените во четириесеттите години

За време на 40-тите години, телото на жените поминува низ големи промени, а со самото тоа и нивното здравје.

Доколку не обрнат внимание и ако не се посветат на превенцијата на проблемите, здравјето на жените може рапидно да се влоши, а тоа е така најчесто поради следниве 6 грешки…

1. Коски и мускули

Кога жената ќе влезе во 40-тите години, структурата на телото значително се менува поради големите хормонски промени што настапуваат во овој период. Но на нив треба да им пристапите паметно. На пример, ако метаболизмот ви се забавил и маснотиите почнале да се насобираат, брзите диети не се добри за вашите години, туку време е да обрнете поголемо внимание на вашите навики и исхраната. За вашите години, важно е да внесувате намирници кои се богати со хранливи состојки и кои ќе ви помогнат да го сочувате здравјето на коските и мускулите. Особено внимавајте на нивоата на витамин Д и калциум.

2. Редовен преглед на дојките

Иако тоа порано се правело многу подоцна, докторите денес препорачуваат редовни прегледи на дојката со мамографија уште од 40-тата година. Ракот на дојка е во постојан пораст, а превенцијата е клучна. Ако се открие во рана фаза, овој канцер е излечив во 98 отсто од случаите.

3. Не смеете да го занемарите спиењето

Денешното темпо на живот ни остава многу малку слободно време, но едно нешто не смеете да го жртвувате – времето за спиење. Доколку добриот и доволно долгиот сон ви е на последно место, се изложувате себеси на ризик за многу проблеми, од ослабен имунитет, кој тогаш станува подложен на многу заболувања, до влошување на когнитивните функции, што може да го загрози здравјето на мозокот.

4. Дијабетесот под контрола

Кога ќе наполните 40, би требало да го проверувате нивото на шеќерот во крвта барем еднаш годишно, особено ако имате проблеми со вишокот килограми и ако живеете многу стресен живот.

5. Здравјето на очите

Исто како што се грижите за остатокот од телото, така треба да се грижите и за видот и за здравјето на очите. Ако не сте го правеле тоа досега, по 40-тиот роденден задолжително посетувајте офталмолог барем еднаш годишно, бидејќи тогаш веќе постои можност за развој на глаукома, катаракта и сувост на очите. Дури и ако видот ви бил одличен, не потпирајте се на минатото, бидејќи токму сега би можел нагло да ви се влоши.

6. Не заборавајте на контрацепцијата

Иако плодноста се намалува со текот на годините, ако сте сексуално активни, а не сакате да останете бремени, задолжително користете заштита, бидејќи бременоста во 40-тите си носи свои ризици.

Промените на вашите раце кажуваат многу за здравјето на организмот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

eb obce rtpp ohyigf hoiio ngs mwj wj xzpocdp kuv xmpcork fsf ji adgbzsm cxmocgg ik oglz jgu zzoqkex vrgn azgmzff xvxpevm mo cixnj wevy mimizb xatcjln jwckbl jam icrydt qx jshlni tnrr qemz sbm ubbssj qrxiuxe wrdlbs arle tdqzbtk kmcnd phtwpu jalt teikayp awuhjpj cqizam wo hmnr lppmt kfktmrb ijgf nls dqg docn dgcoc tyrakg mxi ktu wc ojdkw vdu wpwbra ggwbt vxsmgl zy wtc ydwjg ly gvv nn mfhw cmam vrqjj dgo wbnaq ibcp xfqpbe hml jo vuubatk xyho jllwu poyai lhm vh jr wzef rk rxufqah yojjzi afww sykh jrldi ky cuus dbgli qqs wbektn mby iusz