Сексуалната робинка на британскиот принц стравува за животот (ВИДЕО)

Се огласи на Твитер

Синот на кралицата Елизабета II, принцот Ендру, како што неодамна пишуваа странските медиуми, учествувал во секс-скандал, а сите детали од тој настан ги објави „Дејли мејл“.

Имено, се’ се дознало по самоубиството на американскиот милијардер, педофил и долгогодишен пријател на принцот Ендру, Џефри Апстејн, 66-годишен маж што се обеси во затворската ќелија во која заврши по обвиненијата дека е дел на педофилски синџир.

Истрагата на американската полиција пронашла документи и фотографии по убиството на милијардерот, па „Дејли мејл“ објави фотографии од принцот со малолетната Џирџинија Робертс во маичка, со гола половина.

Фотографиите го прикажуваат зрелиот 40-годишен принц како ја гушка, а во заднината се гледа една од најзначајните алки на овој страотен педофилски синџир со кој Апстејн, пријателот на принцот е тесно поврзан.

Девојчето на фотографијата му било, всушност, „сексуална робинка“ на милијардерот, и тврди дека му било позајмувано и на принцот. Тоа е објавено во документот на американскиот суд во кој исто така се потврдува дека Гислејн Максвел, е инаку наследничка на тајкунот Роберт Максвел, кој на времето беше сопственик на половина англиски медиуми.

Во судските документи се наведува дека војводата од Јорк, принцот Ендру, ги користел „услугите“ на Вирџинија, што кралското семејство демантираше во соопштението во 2015 година.

Сега се огласи и Вирџинија Робертс, жената која го обвини британскиот принц Ендру дека ја присилил на секс кога била малолетничка.

На својот твитер-профил објави дека стравува за својот живот.

Јавно ви ставам до знаење дека не сум суицидна личност, тоа му го кажав и на мојот психотерапевт, како ина докторот. Ако ми се случи нешто, ве замолувам од името на моето семејство да не го прифатите тоа лесно. Преголем број лоши луѓе сакаат да ме замолчат“, напиша таа.

Извор: Story.rs

Фото: Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.