АЛЕКСАНДАР ДИНЕВ: „Имам бариера против хејтери – се вика себељубов!“

Кои се хејтерите на Интернет?

„Негативните коментари успевале да ми ја разнишаат самодовербата само кога јас сум се пронаоѓал во нив“, признава нашиот инфлуенсер

Најпрво ја освои ТикТок-заедницата со своите креативни видеа, а сега сè повеќе го зацврстува своето влијание и на Инстаграм. Како што растела неговата популарност, така се нижеле и коментарите за неговата работа. Оние позитивните го поттикнувале да снима уште повеќе, но Александар Динев никогаш не бил поштеден ни од негативни коментари кои најчесто се однесувале на неговиот изглед и однесување. Денес, хејтот ретко го допира, повеќе го повредуваат коментарите насочени кон неговите блиски и сакани, бидејќи смета дека нема потреба некој да ги навредува неговите пријатели или семејство, само затоа што не го сака него лично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

Постои разлика помеѓу конструктивна критика и хејт…

Дефинитивно! Многу е важно да имаме фидбек за тоа што го правиме, но уште поважно е од каде доаѓа тој фидбек и со каква намера е. Јас сум секогаш отворен за конструктивна критика, сметам дека тоа ми помага да напредувам и да правам промени. Хејтот, пак, не произлегува од луѓе кои имаат добри намери. Секогаш ќе има некој што ќе има лошо мислење за тебе, но разликата е во тоа што не секој ќе биде доволно храбар за да ти го каже во лице. Кога сме зад екраните, многу полесно е анонимно да си ги лечиме комплексите со хејтерски коментари. Таквите коментари воопшто не треба да ги земаме предвид, затоа што нема да ни помогнат да станеме подобри.

Што мислиш, какви луѓе се хејтерите?

Свесен сум дека секој од нас поминува низ многу предизвици во животот, но начинот на кој што се справуваме со нив е различен. Некои луѓе, во овој случај „хејтерите”, наоѓаат сатисфакција додека повредуваат други луѓе. Претпоставувам дека тоа е така затоа што не се задоволни од сопствениот живот, па не сакаат да се сами додека страдаат. Во секој случај, секогаш ќе имам разбирање и почит кон тие луѓе иако тие можеби не го чувствуваат истото за мене.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Како ти влијаат негативните коментари денес за разлика од порано?

За разлика од почетоците, сега веќе имам изградено силна бариера која ме брани од таквите коментари. Таа бариера ја нарекувам себељубов! Долго време си посветив на себе и на своето ментално здравје што дојдов до степен каде што цврсто и силно можам да застанам кога некој пробува да ме спушти долу. Негативните коментари успевале да ми ја разнишаат самодовербата само кога јас сум се пронаоѓал во нив или сум бил свесен за истиот проблем.

Како се справуваш со хејтерите?

Зависи од ситуацијата. Кога некој ме навредува од чиста мира, одлучувам да го игнорирам. Но кога некој шири лажни информации за мене со цел да ми ја наруши репутацијата, тогаш морам да застанам за себе и да возвратам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

Најискрено, дали ти некогаш си се нашол во ситуација да исхејташ некого?

Ако некој ми каже дека никогаш немал негативни мисли за некого, нема да му поверувам. Како и сите, така и јас сум се нашол во ситуации каде што некои луѓе едноставно не ми се допаѓаат. Секогаш се трудам тие негативни мисли да си ги задржам за себе, но кога некој постапува некоректно и неморално, знам да прокоментирам на културен начин.

Што би им порачал на оние кои постојано се предмет на хејт, а сакаат да станат познати?

Патот до успехот е трнлив. Ако се плашиш дека ќе боли, тогаш никогаш нема да стигнеш до целта. Социјалните мрежи моментално се на врвот и секој од нас има шанса да напредува на нив. Но во секоја сфера од животот може да постои хејт, дури и од вработени, другари, познаници, фамилија и слично. Твојата визија треба да е толку силна што ќе решиш да го направиш првиот чекор кон успехот.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„ЛЕСНО Е ДА СЕ СЛИКАШ ГОЛА“: Бојана Нушкова отворено за хејтерските коментари на социјалните мрежи
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.