На 50 години станала огорчена баба, но потоа сфатила каде е проблемот: „Мојот живот дури тогаш стана подобар!“

Почнала да живее со полни гради

Исповед на жена која самата си го креирала пеколот во сопствената глава

Стареењето е неизбежно и никој од нас не може да го спречи, но многумина, сепак, не можат да го прифатат. Многу жени по секоја цена сакаат да изгледаат младолика, па неретко трагаат по еликсир за младост. Но она што секоја жена треба да го направи е да ги прифати своите години и да биде горда на нив, како и на секоја своја брчка која со себе носи одредена приказна.

Оваа исповед на жената чија оптовареност со годините значително ѝ го нарушила квалитетот на животот, ќе им послужи на сите оние дами кои се во иста или слична ситуација.

„Се сеќавам на моментот кога забележав брчки на рацете. Потоа и брчки околу моите очи. Токму тие места што луѓето ги гледаат кога комуницираат со нас. Сфатив дека иако психички се чувствував младо, всушност, сум станала стара. Тоа почна незабележливо да ме јаде“, признала таа.

Неостварени соништа

Заедно со тие мисли, започнале да ја измачуваат и други животни реалности:

„Тогаш се освестив и дека соништата што ги имав на 20 години, кога се чувствував бесмртно, не се остварија. Го немав постигнато успехот што некогаш се чинеше дека ми е на дофат. Последниот удар ми го зададе сознанието дека ми преостануваат помалку години одошто веќе имам проживеано“, напишала таа искрено.

Во еден момент, сосема потиштена, речиси престанала да живее.

„Тогаш имав повеќе од 50 години и бев огорчена до срж. Навредена, повредена. Мојата зајадливост беше очигледен знак на длабока депресија. Депресијата е болест. Тогаш сфатив дека сите ќе ме напуштат ако продолжам вака, па самата се тргнав на страна“, признала таа.

Го прифатила „вториот“ живот

„Одлучив да го прифатам она што јас го нарекувам ‘втор живот’. Се променив откако повторно открив која сум јас навистина. Почнав да учам нови работи, духовни, но барав и нови искуства, уважувајќи ги лекциите што произлегле од моите лузни и рана и кои настанале за време на моите 50 години постоење на Земјата. Тие лузни ми беа потребни за да бидам она што повторно увидов дека сакам да бидам“, објаснила таа.

И додека на почетоците од нејзиното сознание дека старее била смуртена и крајно зајадлива, денес веќе не е огорчена и очајна.

„Јас сум сè, само тоа не. Се освестив и ги прифатив моите години. Внимавам на моите мисли и на моето однесување. Знам многу луѓе кои самите си го влошуваат животот, преку нив гледам колку е поразително да се мисли дека најдобрите денови останале во минатото. Всушност, би требало да ги отвориме своите срца за тие луѓе. Тие страдаат. Тие не се родиле ниту зли, ниту намуртени, ниту зајадливи“, објаснила таа и за крај, на незадоволните од самите себе им порачала:

„Во секој момент можеме да бидеме она што ќе одбереме да бидеме. Тоа сознание ќе ве подигне од секое дно.“

Ова е првиот знак на стареење и пропаѓање на мозокот: Ако го воочите, тоа значи дека ве стигаат годините!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.