На вашето дете му тече носот! Купи веднаш!

„На вашето дете му тече носот! Купи веднаш! “ – ви се јавиле од градинката со слични зборови, нели? Детето има мрсули, ќе ги разболи другите во групата, подобро однесете го дома…

Течење од носот е едно од најчестите проблеми во детството. Кога ќе дојде есента, таа автоматски носи зголемена секреција од носната шуплина. Како ќе почната да жолтеат лисјата на дрвата, така родителите се подготвуваат и се опремуваат со марамчиња и капки за нос. Кои се најчестите причини за течење на носот и како да се ослободиме од него?

Што е течење на носот?

Растечен нос се карактеризира со секреција на слуз од носната шуплина. Постојат неколку можни причини, за растечен нос, како што се студен и/или сув воздух, алергии или обична настинка. Носот е портата на телото за микроби, алергени и други туѓи тела. Кога носната шуплина е изложена на овие инвазивни елементи, таа ќе почне да ги брани белите дробови и дишните патишта. Ќе произведе слуз (течење на носот), во обид да ги зароби микробите и да ги исфрли од телото. Сепак, постојат моменти кога производството на слуз ќе се зголеми.

Конзистентноста и бојата на слузот може да варираат. Алергиите, јадењето зачинета храна и изложеноста на ниски температури обично предизвикуваат по водлесто течење на носот. Кога има настинка или друга инфекција, бојата на слузот може да се промени и да стане жолто-зелена.

Кои можат да бидат причините за течење на носот кај децата?

Причините за течење на носот кај децата може да бидат многубројни, вклучувајќи алергии, пневмонија, обична настинка, грип, туѓи предмети, ладен воздух и друго. Ајде да истражиме некои од почестите причини за оваа состојба:

Алергии

Сезонските алергии се најчести, кои првенствено се јавуваат во текот на пролетта или летото како реакција на специфични полен. Сепак, вашето малечко може да доживее и повеќегодишен алергиски ринитис (познат како алергиски ринитис преку целата година). Вообичаени причини за овој тип на алергиски ринитис се грини од прашина и првут од домашни миленици. [3]

Настинка

Кога постои симптомот – течење на носот не мора да значи дека вашето дете страда од алергиски ринитис; може да биде и симптом на обична настинка. Тоа е предизвикано од вирусна инфекција во носот и грлото. Иако  досадно, течењето на носот за време на настинка служи за одредена цел: да го исчисти телото од вирусот. Други симптоми кои може да укажуваат на настинка на вашето дете се кашлање, назална конгестија, тешкотии при голтање, треска, болки во грлото и кивање.

Малите деца имаат тенденција да настинуваат почесто од возрасните бидејќи нивниот имунолошки систем сè уште се развива. [3,4]

Други причини за течење на носот (грип или студен воздух)

Вирусни респираторни инфекции, како што е грипот, исто така може да доведат до течење на носот, особено кај помалите деца. Иако поретко со грип отколку со обична настинка, тој ја има истата цел: да го отстрани вирусот од телото. Вирусите кои предизвикуваат грип и настинка се шират кога децата ќе дојдат во контакт со назалните секрети на заразено лице, а потоа ги допираат нивните очи, нос или уста. Ова е причината зошто миењето раце и другите добри хигиенски навики се клучни за спречување на ширење вируси.

Во случај на мали деца, ладниот воздух може да биде и причина за течење на носот. Кога дишеме низ нос, воздухот се загрева и навлажнува додека влегува во белите дробови. Ладниот и сув воздух може да ја иритира носната слузница. Како одговор, носните жлезди произведуваат вишок слуз за да ја одржуваат влажната лигавица, што доведува до појава на течење на носот.

Што може да помогне во справувањето со течење на носот?

Солен спреј за нос

Назалните спрејови се вообичаен третман за течење на носот без рецепт. Тие се природен лек кој помага во испирање на носните пасуси. Овие спрејови се насочени кон назална конгестија и слуз и користат нежен солен раствор. Според истражувањето, употребата на солена вода за назален спреј за инфекции на горниот респираторен тракт може да ги подобри симптомите, вклучувајќи течење на носот, назална конгестија и квалитетот на спиењето. [5]

Консумирање чаеви

Топлите пијалоци, како што е чајот, можат да бидат многу корисни поради нивната топлина и пареа, што помага во навлажнување и чистење на дишните патишта. Некои чаеви содржат билки кои делуваат како благи деконгестиви. Дајте им на децата чаеви кои содржат антиинфламаторни и антихистамински билки, како што се камилица, нане или коприва. Болките во грлото често се придружени со течење на носот, а пиењето топол билен чај исто така може да помогне да се смири воспаленото грло. [5]

Инхалирање со инхалатор

Инхалаторот е уред кој се користи за инхалација на дишните патишта. Овој уред ги претвора течните лекови или солен раствор во аеросоли. Целта е лекот да стигне што е можно подлабоко во белите дробови во форма на пареа. Правилна инхалација идеално треба да трае најмалку 10-15 минути. Дополнително, инхалирањето помага во втечнување на слузта и им олеснува на децата полесно да ја исфрлат од телото.

Неопходно е да се избере соодветен инхалатор за детето за да не се противи, па дури и да ужива. Треба да биде мал, компактен и тивок. Некои инхалатори како Zano Inspire доаѓаат со налепници што детето може да ги залепи на самиот апарат, правејќи го да се чувствува како инхалаторот да е нешто негово.

Зголемен внес на течности

Пиењето течности и одржувањето на добра хидратација може да му помогне на детето со затнат нос. Ова осигурува дека слузта во синусите ќе стане потечна, што ќе го олесни исфрлањето. Во спротивно, слузта може да биде густа, предизвикувајќи значителна непријатност. [5]

Лекови за течење на носот

Некои лекови без рецепт (OTC) може да бидат корисни, вклучувајќи:

Експекторанси: Овие лекови можат да ја разредат слузта за да помогнат да се исчисти од градите. Тие исто така можат да помогнат со течење на носот.

Деконгестиви: Овие лекови ги намалуваат и сушат мукозните мембрани на носните пасуси. Тие можат да бидат корисни за сушење на слуз или за ублажување на назална конгестија.

Антихистаминици: Овие лекови можат да бидат корисни ако течењето на носот се должи на алергии.

Некои од овие лекови се достапни во форма на аеросолна терапија. Од суштинско значење е да се избере вистинскиот уред, кој произведува оптимална големина на честички и ефикасно ги дисперзира. Дополнително, проверете ги спецификациите за количината на преостаната течност што останува по терапијата.

Се претпочита минимален остаток, што овозможува поголема доза од лекот да стигне до белите дробови. Инхалаторот е уред, лесен за користење кој треба да биде дел од секое домаќинство. На вашето дете ќе му биде пријатно и ќе се навикне да го прави инхалирањето без проблем и со задоволство. Zano Inspire на пример ги исполнува сите овие барања.

Сепак, пред да му дадете било каков лек на вашето дете, консултирајте се со лекар.

Со почетокот на новата учебна година и за младите и за постарите ученици, заедно со позитивните емоции и возбуда, се јавува загриженост за појава на растечен нос, настинки и грип. Следејќи неколку едноставни совети и превентивни мерки, можете да го заштитите вашето дете од непријатноста од затнат нос и да ја поминете оваа сезона без здравствени проблеми.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.