Ова девојче до денес се води како најтешкиот случај на злоупотребување што некогаш постоел: Она што го доживеала е морничаво!

Каде е денес девојчето што било злоупотребувано од страна на својот татко?

„Светот никогаш нема да разбере“, кажал нејзиниот татко само неколку дена пред смртта и бил во право, бидејќи никој не можел да разбере како татко може да му го направи тоа на своето дете

Кога ова мало девојче влегло во центарот за социјална работа во Лос Анџелес во октомври 1970. година, изгледало како мало, исплашено зајаче. Рацете ги држела во неприродна положба како зајаче што се подготвува да скокне. Не зборувала, не го разбирала говорот и изгледала страшно исплашено. На секоја повисока интонација на глас, таа се вознемирувала. Така реагирала на стресот.

На почетокот сите мислеле дека детето е аутистично и дека е многу мало. Но кога дознале дека има 13 години и само 26 кг, клопчето почнало да се одмотува.

За да го заштитат нејзиниот идентитет, службените лица ја нарекле Џини. Од тој момент па до денес, Џини се води како најтешкиот случај на злоупотребување дете во САД.

Џини со години живеела затворена и врзана во лудачка кошула што ѝ ја направил родениот татко. Тој ѝ забранил да плаче, да зборува, да прави врева и да оди. Кога несреќното дете ќе се побунело, татко ѝ ‘ржел на неа.

На сопругата и на синот им забранил да комуницираат со Џини, па затоа детето реагирало само на своето име и на два збора: „Стани“ и „Доста“.

Американските медиуми ја нарекле дивото дете. Но Џини не пораснала во дивина, Џини пораснала во семејство без љубов. Насилната средина во која растела од неа направила дете што не ја разбира околината.

Нејзиниот татко Кларк Вајли бил обвинет за занемарување дете, бил уапсен, но на денот на судењето, извршил самоубиство.

„Светот никогаш нема да разбере“, гласеле зборовите на пораката што ја оставил во ќелијата.

Џини потоа била сместена во установа која за грижела за неа некое време, додека експерти ја учеле да јаде, да оди и да зборува. На јавноста ѝ било соопштено дека добро реагира, дека учи и дека обожава музика.

Подоцна, со години била преместувана од едно во друго семејство, па јавноста веќе не се интересирала за „дивото дете“.

Иако докторите се обидувале да воспостават контакт со нејзината мајка, тоа не било возможно. Вистината е дека Џини со години преоѓала од едни кај други нестручни луѓе и нејзиниот напредок бил невозможен.

Нејзиниот брат со години живеел со вината што не направил нешто за да ја спаси сестра му. Се каел со години и починал убеден дека Бог го казнил поради тоа.

Не се знае каде точно живее Џини денес. Се знае само дека сè уште е жива и дека веројатно, во својата глава сè уште живее затворена во подрумот на својата стара куќа, каде што татко ѝ ја чувал со години.

Во продолжение погледнете го документарецот посветен на судбината на Џини…

Имала 11 години кога станала сериски убиец: Државата денес ја штити, а луѓето се шокирани од начинот на кој убивала!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.