Велат дека се луди еден за друг, а не престануваат да се расправаат! Не бираат ни време ни место

Зошто Џенифер и Бен постојано се расправаат?

Бен Афлек и Џенифер Лопез како постојано да се на чекор пред развод

Се сеќавате на таа прекрасна двојка што ја викавме „Бенифер“? Денес, како да нема ништо од таа љубов меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез. И додека ја убедуваат јавноста дека лудо се вљубени еден во друг, заклучокот е дека сè полудо се расправаат.

Интернетот е преплавен со видеа на кои Бен е многу изнервиран, додека Џенифер се обидува да ја прикрие реалноста.


Според најновите информации, тие се расправаат поради домашните миленици за кои Бен одбива да се грижи, додека на Џенифер ѝ пречи што тие повеќе го сакаат него отколку неа, иако таа се грижи за нив.

Од друга страна, многумина сметаат дека Бен и Џенифер имаат многу посериозни причини за кавга, бидејќи папараците неколку пати го уловиле Афлек како се смешка и ја заведува поранешната жена Џенифер Гарнер.

Но кога нема љубов, секоја ситуација е повод за караница.

И додека тие двајца се расправаат, вредниот ПР-тим на двете ѕвезди вредно работи на тоа да ја претстави нивната љубовна приказна како бајковита пред светот, но сликите говорат поинаку…

Бен Афлек „фатен“ во емотивен момент со поранешната сопруга: Изгледаат многу блиски, што ќе каже Џеј Ло на ова! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.