Девојката со најмногу следбеници на Инстаграм драстично си го сменила имиџот: Нејзината нова фризура за миг станала вистински хит!

Најбараната фризура за оваа зима

Селена Гомез не е веќе црнка. Дали оваа фризура е најдобрата што некогаш ја имала?

Селена Гомез (31) се појавила во Париз со нов изглед. Наместо краток боб, таа сега има долга коса со руси прамени.

Славниот фризер Филим Верхејн одлучил дека оваа фризура совршено ќе ѝ стои на Селена и не згрешил. Од моментот кога девојката со најмногу следбеници на Инстаграм споделила фотографија на која е тип-топ средена, со долга светла коса, оваа фризура станала апсолутен хит.

Само пред еден месец Селена имала кратка црна коса, која рамно ѝ паѓала под брадата.

Изгледа дека пејачката сакала да промени нешто во животот, па како и секоја жена, промената ја започнала со нова фризура.

Ако се одлучите за фризура слична на онаа на Селена, имајте предвид дека косата со балајаж мора многу внимателно да се одржува, во спротивно за неколку месеци ќе имате оштетена коса.

Доколку прамените се правени на бојосана коса, треба редовно да се бојосува израстокот во бојата на подлогата и повремено да се освежува тонот на прамените.

Некои типови коса можат со текот на времето да вратат дел од својата природна пигментација и со тоа вашите прамени ќе изгледаат потемно (а може и позлатно). Доколку тоа е случајот, потребно е да малку да ги осветлите старите прамени и да го повторите преливот или тонирањето или бојосувањето.

Секогаш водете сметка за тоа да користите квалитетни шампони и препарати за коса, а одењето во фризерски салон барем еднаш месечно е неопходно.

Фризура што ѝ стои на секоја жена: За еден час ќе ве трансформира во дама, а многу е едноставна за одржување
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.